Италу Жузе Оливејра дус Сантус (роден 12 Јануари 1988), познат како Итало,е бразилски професионален фудбалер кој моментално игра за ФК Вардар во Македонија, како напаѓач.

Животопис Роден во Масеио, Алагоас, Итало ја почнал својата кариера во Коринтиас Алагоано и играл еднаш во 2005 Купот на Бразил. На 1 Февруари премина во португалскиот клуб Маритимо и играл за Б тимот во Португалската втора лига. Првпат дебитираше за првиот тим на 12 Август 2007 година, го заменил Bruno Fogaça во првото полувреме, губејќи од Пенафиел во 2007–08 Португалскиот Куп по изведување на пенали. Таа сезона тој дал еден гол во 2 натпревари во лигата. Во 2008–09 Португалската лига, тој играл 10 натпревари во лигата и постигнал само еден гол.

После мечот во првата рунда од 2009-10 Португалската Лига,тој бил позајмен на Интернационал,но главно играл за Б тимот.Во Август 2010,неговата позајмница била продолжена за уште две години. Во 2009 и 2010 тој освоил Копа ФГФ со Интернационал Б.Тој исто играл 3 меча и постигнал еден гол со Интернационал во 2010 година во Гаучо Лигата, каде што Интернационал заврши на второто место.

На 5 јуни, 2016, Итало го постигнал својот прв гол за Саун Пауло: во победата над Крузеиро, со 1 - 0 , кој бил важен меч за Бразилската Лига.

Достигнувања Државно ниво Copa FGF: 2009, 2010 (Интернационал Б)

Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Родени во 1988 година