Сихле Алин (руски: Сихотэ-Алинь) — планински гребен и вулканско поле на Далечниот Исток на Русија, кој се наоѓа по должината на брегот на Тихиот Океан. Се простира на 1200 километри североисточно од Владивосток на територијата на Приморскиот и Хабаровскиот крај. Тој претставува водена граница помеѓу реката Амур и брегот на Тихиот Океан. Планинскиот опсег е широк 250 километри. Највисокиот врв е Тордоки Јани (2.077 метри).

Гребенот е богат со злато, олово и други обоени метали како јаглен. Подножјето е составено од базалтски висорамнини. На југ и исток има бројни гребени, а на запад - бројни долини.

Растителноста во Сихле Алин е многу разновидна. Во јужниот и централниот дел, до височина околу 500 метри, се наоѓа листопадна тајга со претежно манџурски видови на растенија. Северниот дел е шума со смрека.

До раните 1980-ти, на подножјето на Сихле Алин, живеел ендемски подвид на леопард, наречен Амурски леопард. Сибирскиот тигар е уште еден подвид на една голема мачка која живее во оваа област.

На територијата на Сихоте Алин, нема области со висок степен на опасност од лавина. Најголемиот дел е окупиран од области со низок степен на опасност од лавина.

Во 2001 година, Сихле Алин бил вклучен во Списокот на светското наследство на УНЕСКО како природно место.

Наводи

Надворешни врски

UNESCO — Sikhote-Alin World Heritage Site Natural Heritage Protection Fund: Central Sikhote-Alin - at Natural Heritage Protection Fund Zhuravlev, Yu. N., ed. (2000) Стратегия сохранения биоразнообразия Сихотэ-Алиня = A Biodiversity Conservation Strategy for the Sikhote-Alin' Vladivostok: Russian Academy of Sciences, Far Eastern Branch

Категорија:Светско наследство во Русија Категорија:Вулкани во Русија