Горан Трајковски (р. во ) — македонски политичар од редовите на СДСМ, кој е тековен градоначалник на Општина Делчево.
Личен живот
Горан Трајковски е роден во градот Делчево на 20 јули 1971 година. Основното образование го завршил во градот, додека средно образование во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.
Завршил математика на Природно-математичкиот факултет на Скопскиот универзитет.
Во 2003 година се вработил во ОУ „Св. Климент Охридски“ како наставник по математика, а во периодот 2007-2009 бил заменик-директор на училиштето. Исто така, бил и член во управниот одбор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.
Горан е оженет и е татко на две девојчиња. Активно се служи со англискиот јазик, а хоби му е велосипедизмот и риболовот.
Политичка кариера
Пред да стане градоначалник на Општина Делчево, Трајковски бил член на Советот на општината во периодот 2013-2017. На функцијата градоналчалник стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 5.100 гласа. На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Трајковски како кандидат за градоначалник на Општина Делчево од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 51,14% од гласовите
Наводи
Категорија:Луѓе од Делчево Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Градоначалници на Општина Делчево