Звонко Пекевски (р. ) — македонски политичар од редовите на СДСМ, кој е тековен градоначалник на Општина Берово. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 5.006 гласа.На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Пекевски како кандидат за градоначалник на Општина Берово од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 51,25% од гласовите
Личен живот
Звонко Пекевски е роден на 16 февруари 1974 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, дел од Битолскиот универзитет на статистичко кибернетичка насока.
Од 2001 до 2005 година работел како референт во Општина Берово, а од 2005 до 2017 година бил раководител на одделот за финансиски прашања.
Наводи
Категорија:Луѓе од Берово Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Градоначалници на Општина Берово