Агва (познат како Хунапу на локалниот јазик на Маите) — стратовулкан кој се наоѓа во областите Сакатепеге и Есквинтла во Гватемала. Наоѓајќи се на 3,760 метри (12,340 стапки) надморска височина, вулканот Агва се издига на повеќе од 3.500 метри над пристаништето на Тихиот Океан на југ, и 2.000 метри над гватемалските планини на север. Вулканот доминира во локалниот пејзаж, и не може да се види само кога е скриен од облаците. Во областа од околу 5 до 10 км се наоѓа градот Антигва и неколку други големи градови сместени во северниот дел. Овие градови заедно имаат околу 100.000 жители, почнувајќи 20 км од градот Есквинтла и движејќи се на југS.P. Schilling, J.W. Vallance, O. Matías, and M.M. Howell, 2001, Lahar Hazards at Agua Volcano, Guatemala: USGS Open-File Report 01-432 (на англиски). На долните падини на вулканот се одгледува кафе.</div>
Краток опис и историја Локалните Какчикел луѓе одсегогаш го нарекувале вулканот Хунапу што значи „место на цвеќињата“ или Хун Ахпу' „еден ловец (датумот на календарот на светото место; типичен метод за именување на светите места во космовизијата на Маите)“ во тековната Какчикел орфографија. Шпанските конквистадори исто така вулканот го нарекувале Хунапу сè до 1541 година, кога лахарот од вулканот го уништил тогашниот главен град на Гватемала (познат како Сиудад Виеха) кој бил преместен на сегашната локација. Меѓу жртвите била и гувернерката Беатрис Де Ла Куева. Со оглед на тоа што лахарот создал и огромна поплава од вода, ова го потикнало модерното име () или „водениот вулкан“, за разлика од блискиот () или „огнениот вулкан“. Какчикелците го нарекувале уште и () што во превод би значело „таму каде што е огнот“ или „Chi Q'aq“ во оригиналниот Какчикел правопис.
Не постојат кредибилни податоци дека вулканот имал ерупција досега, меѓутоа постои потенцијал од излевање на огромна количина на вулкански остатоци, тиња и лахари кои би можеле да ги поплават населбите што се наоѓаат во близина.. Ова е докажано со фактот дека на 11 септември 1541 година, новонастанатата населба која воедно била и главен град на Гватемала, вила на Сантјаго Де Лос Кабаљерос (), била уништена од како што е кажано тогаш „огромно лизгање на земјиштето кое се спуштило од вулканот, додека тињата и лахарите кои со себе носеле тешки карпи уништиле дел од зградите а останатите поминале со големи оштетувања.“ Градот бил целосно уништен, имало голем број на жртви, додека преживеаните немале насока откако и гувернерката Беатрис Де Ла Куева загинала во катастрофата која се случила многу бргу откако нејзинот маж и претходниот гувернер Аделантадо Педро Де Алварадо починал а таа била назначена на неговата позиција. На 9 септември 1541 година, кога Беатрис Де Ла Куева ги потпишала документите за преземање на позицијата гувернер, тоа било означено од народот како чин на грев (), фраза што некако испаднала пророчка.
Во 1985 година, Ен Кери Моудслеј и нејзиниот сопруг, археолог Алфред Персивал Моудслеј, го посетиле регионот на Антигва како дел од патувањето низ земјата на Маите во Гватемала, и се искачиле на вулканот Агва; таа напишала книга наречена „Поглед на Гватемала“, во која објаснила дека водата од вулканскиот кратер не можела да го уништи стариот Сантјаго: „Обично се велело дека причината за оваа катастрофа е пукнатина на езерото кое било формирано во кратерот на угаснатиот вулкан Агва; но испитувањето на кратерот покажало дека ова тврдење не е сосема точно, бидејќи, пукнатината на ѕидот во кратерот е во спротивна насока, и водата што течела од неа не можела да стигне до градот. Покрај тоа, немало докази кои покажувале дека подлабокиот дел на кратерот, кој сè уште е непроменет, задржувал вода по пријавениот излив. Акумулацијата на вода за време на исклучително силниот дожд, преку некоја привремена опструкција во еден од длабоките жешки олуци ги измениле убавите падини на таа голема планина. Свлечиштето на земајта кое настанало потоа треба да се земе предвид за направената штета, а да се отфрлат мислењата на некои хроничари кои велеле дека тоа се случило поради вода во кратерот, или поради некои натприродни појави“.
Вулканот последен пат бил покриен со снег во јануари 1967-ма година. Прогласен е за природно наследство во 1956 година и зафаќа површина од 12.600 хектари. На 21 јануари 2012 година, 12.000 Гватемалци формирале човечки синџир кој се протегал сè до врвот на вулканот Агва во знак на протест против семејното насилство.http://www.bbc.co.uk/news/world-latin-america-16669818
Фотографии од вулканот Агва
Наводи Белешки
Литература
Надворешни врски
Ideal Pictures Corp. Menace of Guatemala (Ideal What-Nots series), "Вулканот Агва, Гватемала" на Peakbagger
Категорија:Стратовулкани Категорија:Вулкани во Гватемала Категорија:Планини во Гватемала Категорија:Триилјадници