Хенгил — вулкан кој се наоѓа во Исланд, во југозападниот дел на езерото Тингватлаватн.

Хенгил е вулкански систем кој се состои од два вулкани, од кои едниот е Хенгил, а другиот - Хромандутиндур. Нивната вкупна површина е приближно 100 км² и висина од 803 метри.

Последната ерупција на Хенгил била пред повеќе од 2000 години. И до денес има траги од застанатата лава на југ и на север од вулканот. Хенгил не е целосно изгаснат вулкан, тука сè уште има бројни жешки извори и на доста места од земјата се гледа излегување на пареа.

Хенгил се користи како важен извор на енергија, а во таа област се градат електроцентрали.

Според преданијата во овие места живеела жената-трол Јора која ги пречекувала патниците на големиот пат и ги изедувала.

Наводи

Надворешни врски

Hengill in the Catalogue of Icelandic Volcanoes Map

Категорија:Штитести вулкани Категорија:Вулкани во Исланд Категорија:Планини во Исланд Категорија:Активни вулкани