Пинатубо — активен стратовулкан кој се наоѓа на најголемиот филипински остров Лусон"Report of the Philippine Commission to the President, 1901 Vol. III", pg. 141. Government Printing Office, Washington, 1901..

Тој е составен главно од андезит и дацит. Пред 1991 година, вулканот бил незабележлив и силно еродиран. Покриен е и со густа шума, која обезбедува безбедност на населението. Локалното племе Аета се повлекло во планините, кога Шпанците го освоиле Филипините во 1565 година.

Ерупцијата на вулканот во 1991 година се случила по 635 години летаргија, непосредно пред месец јуни. Оваа ерупција ја предизвикала најголемата вулканска катаклизма во XX век, заедно со ерупцијта на Новарупта во Алјаска во 1912 година.

Комплицирањето на ситуацијата претставувало доаѓањето на тајфунот Јунја, со смртоносна мешавина на пепел и дожд во градовите и населените места околу вулканот. Навременото предвидување за ерупцијата довело до евакуација на десетици илјади луѓе, но лавата, пепелта и лахарите предизвикани од дождовите, сериозно ја оштетиле околината и уништиле илјадници куќи. Околните области биле сериозно оштетени од страна на пирокластични бранови и пепел. Ерупцијата се почувствувала насекаде. Биле исфрлени околу 10 кубни километри лава и 20 милиони тони сулфур диоксид, како и големи количини минерали и метали на површината. Во стратосферата паднало огромно количество аеросоли, повеќе од секоја ерупција на земјата, а потоа на Кракатау во 1883 година. Во наредните месеци аеросолите формирале слој на сулфурна киселина во атмосферата. Следствено на тоа глобалната температура се намалила со околу 0,5° С, а уништувањето на озонската обвивка се зголемила значително. Оваа ерупција предизвикала големо уништување на инфраструктурата и промени на речните системи неколку години по ерупцијата.

Наводи

Надворешни врски

Mount Pinatubo Mount Pinatubo page Fire and Mud. Eruptions and Lahars of Mount Pinatubo, United States Geological Survey site Weather effects of the 1991 eruption EOS Volcanology. The Cataclysmic 1991 Eruption of Mount Pinatubo, Philippines. United States Geological Survey site Pinatubo, Philippines (volcanic images)

Категорија:Планини на Филипините Категорија:Стратовулкани Категорија:Вулкани на Филипините Категорија:Кратерски езера Категорија:Калдери во Азија