Гахинга — исчезнат вулкан во планините Вирунга на границата меѓу Руанда и Уганда. Гахинга се наоѓа помеѓу Мухабура и Сабињо, но е најмалиот од овие трите. Гахинга има мочуришна купа на својот врв. Се верува дека купата е широка 180 метри. Националниот парк Магахинга Горила го добил своето име според овој вулкан.
Гахинга е составен дел на планината Вирунга, вулкански синџир, кој пак се наоѓа во Големата Раседна Долина. Вкупно 8 вулкани се наоѓаат по должината на планината Вирунга. Од исток на запад тие се Мухабура, Сабињо, Бисоке, Микено, Карисимби, Њирагонго, Њамурагира, и Гахинга. Вулканскиот синџир се протега низ Уганда, Руанда и Демократска Република Конго.
Исто како кај Мухабура и Сабињо, бамбусовите шуми на планината Гахинга се живеалиште на загрозените Планински горила. Постојат неколку други видови на животни и птици кои се дел од екосистемот на планината Гахинга, како Златните мајмуни.
Наводи
Категорија:Активни вулкани Категорија:Стратовулкани Категорија:Планини во Уганда Категорија:Вулкани во Уганда Категорија:Планини во Руанда Категорија:Вулкани во Руанда Категорија:Триилјадници Категорија:Меѓународни планини во Африка