мини|300п|десно|Поглед на рудникот „’Ржаново“
’Ржаново — рудник на фероникел во областа Тиквешко Мариово, во јужниот дел на Македонија. Наоѓалиштето е сместено во атарот на истоименото село.
Отворањето на рудникот бил основа за изградба на тополницата Фени во близина на Кавадарци во 1982 година.
Рудникот бил затворен во 2013 година од страна на претпријатието „Фени Индустри“.
Руда
Рудата се јавува при контакт помеѓу јурските серпентнити и шкрилците во подината и кредните варовници. Просторно, рудниот слој има субвертикална положба и под влијание на силните тектонски движења има инверзна положба. Минералната асоцијација на ова наоѓалиште е: магнетит, хематит, клинохлор, талк, сепиолит, пирит, магхемит, пиротин, дигенит, милерит и др.
Вкупно утврдени геолошки рудни резерви на фероникел се 42 милиони тони со 31% железо и 1,03% никел.
Производство
Годишното производство на рудникот било 800.000 тони руда, со околу 1% никел, 30% железо, 0,05% кобалт.
Производството било прекинато во 2013 година од страна на претпријатието „Фени Индустри“, која го затворила рудникот, отпуштајќи ги неговите вработени.
Транспортна лента
Помеѓу отворениот коп на рудникот „’Ржаново“ и топилницата „Фени“ постои транспортна лента за превоз на руда, која спаѓа меѓу најдолгите на Балканот.
Поврзано Железо Никел ’Ржаново
Наводи
Категорија:Рудници во Македонија Категорија:’Ржаново (Кавадаречко)