Елдгјау (, „огнена клисура“) — вулкан и кањон во Исланд. Овој, и вулканот Катла се дел од истиот вулкански систем на југот од земјата.

Сместен помеѓу Ландманалаугар и Киркјубејарклаустур, Елдгјау е најширокиот вулкански кањон на светот, приближно 40км долг и 600 метри широк. Тој бил откриен од Торвалдур Тородсен во 1893.

Првата документирана ерупција во 934 (или 939) била најголемата базалтна поплава во историјата. Лавата се протега на 800 км2.Árni Hjartarson 2011. Víðáttumestu hraun Íslands. (The Largest Lavas of Iceland). Náttúrufræðingurinn 81, 37-49. Се проценува дека 18 км3 на магма истекла од земјата.

Во кањонот има водопад кој се нарекува Оуфајруфос. Природен мост преку водопадот исчезнал во 1993 поради преголемата вода од топењето на мразот.

Северниот дел на Елдгјау, вклучително Оуфајруфос и околината, бил дел од Националниот парк Ватнајекидл до 2011.

Историја Во неговата оригинална форма, пукнатината потекнува од голема историска еруппција во вулканскиот систем на Катла која започнала во 934. За шест години ерупција, истекло 19,5 км3 на површина од 781 км2. Количината произведена тефра се проценува на 1,5 км3 а производството на сулфур диоксид на 219 милиони тони. Во Исланд, овој голем вулкански настан е веројатно второ најголемо базалтско таложење во Холоценот после тоа на Тјоурсау.

Библиографија

Извор

Поврзано Географија на Исланд Список на вулкани во Исланд

Наводи

Надворешни врски Информација за вулканизам во околината Фотографии

Категорија:Вулкани во Исланд Категорија:Планини во Исланд Категорија:Активни вулкани