Патрик — историско село во Штипско, во атарот на денешното село Лесковица, Општина Штип. Селото постоело сѐ до 1913 година.

Денес, на местото на некогашното село се наоѓа ловиштето „Конечко“.

Географија и местоположба

Патрик се наоѓал на неколку километри јужно од селото Степанци, на билото на Конечка Планина (Серта). Денес, местото се наоѓа во атарот на селото Лесковица.

До местото на селото може да се дојде преку земјен пат кој започнува од превојот помеѓу Неготино и Штип на регионалниот пат 1103. Бидејќи селото се наоѓа во рамки на самото ловиште „Конечко“, пристапот до него е ограничен.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Патрик живееле 80 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Патрик имало 112 (или 120) жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.

За време на Втората балканска војна во 1913 година, селото е изгорено од српската војска.

Во 1988 година е обновена црквата „Св. Илија“.

Самоуправа и политика

Во век, Патрик било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Поврзано Конечка Планина Лакавичка Котлина

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † † †