Арам Хачатурјан (; руски: Аpaм Ильич Xaчaтypян; - ) — прочуен ерменски композитор во чии дела често се среќаваат влијанија од ерменската народна музика. Важи за еден од водечките советски композитори.
Живот Арам Илич Хачатурјан е роден во Тбилиси, Грузија (тогаш дел од Руската Империја) во сиромашно ерменско семејство. Во неговата младост тој бил фасциниран од музиката околу него, но отпрвин не ја изучувал. Во 1921 тој доаѓа во Москва за да му се придружи на својот брат, без да знае ни збор руски. Иако без речиси никакво музичко образование, Хачатурјан покажал таков голем талент, што бил примен во Гнесинската музичка школа каде учел виолончело кај Михаил Гнесин и каде започнал да учи композиција (1925). Во 1929, тој се префрла на Московскиот конзерваториум каде учи кај Николај Мјасковски. Во 1930-тите се оженил за композиторот Нина Макарова, соученик во класот на Мјасковски. Во 1951, Хачатурјан станува професор на Гнесинскиот државен музичко-педагошки инстутут (Москва) и на Московскиот конзерваториум. Тој исто така држел важни функции во Синдикатот на Композиторите, кој подоцна се изјаснил дека Хачатурјановите дела се „формалистичка“ музика, заедно со делата на Прокофиев и Шостакович. Меѓутоа овие тројца композитори станале т.н. „титани“ на советската музика, уживајќи светска слава како водечки композитори на XX век.
Музика thumb|right|300px|Сцена од балетот Спартак Во Хачатурјановите дела спаѓаат концерти за виолина, виолончело и пијано , концерт-рапсодии за истите иснтрументи, три симфонии – од кои третата содржи делови за тринесет додатни труби и органа, како и балетите Спартак и Гајане. Во последниот чин на Гајане го среќаваме веројатно најпознатиот став од овој композитор - „Танцот на сабјите“. Хачатурјан компонирал и филмска музика и придружна музика за театарски дела како продукцијата на Лермонтовиот Маскенбал (1941). За високиот филмски квалитет на неговата музика во Спартак сведочи употребата на делото во разни ТВ програми, особено во Британија. Хачатурјан исто така е композиторот на државната химна на Ерменската ССР, чија мелодија е една од петте моментални кандидати за следната химна на Ерменија.
Наводи
Извори Ehrenburg, I, Khachaturian, A., & Pomerantsev, V. (1953). Three Soviet artists on the present needs of Soviet art. Soviet Studies, 5(4), 427-434. Yuzefovich (Јузефович), V. (1985). Aram Khachaturyan (N. Kournokoff & V. Bobrov, Trans.). New York: Sphinx Press.
Надворешни врски
Виртуелен музеј на Арам Хачатурјан Sтогодишнина на Арам Хачатурјан Музика од Хачатурјан Гробот на Хачатурјан
Категорија:Композитори од 20 век Категорија:Балетски композитори Категорија:Ерменски композитори Категорија:Советски филмски композитори Категорија:Народни уметници на Ерменија Категорија:Народни уметници на СССР Категорија:Политичари од Комунистичката партија на Советскиот Сојуз Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Херои на социјалистичкиот труд Категорија:Луѓе од Тбилиси Категорија:Добитници на Лениновата награда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Добитници на Државната награда на СССР Категорија:Народни уметници на Руската СФСР Категорија:Починати во Москва