Тројани — историско село на територијата на Општина Охрид (и делумно Општина Дебрца), југозападна Македонија.

Географија Селото било сместено во планинска местост на Вишовскиот Рид (Вишо), источно од с. Оровник, која и денес се нарекува Тројани. По раселувањето на селото, земјиштето му е поделено меѓу атарите на Оровник, Горно Лакочереј и Вапила. Како оставнина од селото, во атарот на Оровник денес се наоѓаат местата Тројнска Чука и Тројанско Поле и Тројанска Река, која се влева во р. Капеш. Во атарот на Горно Лакочереј има месност Тројански Извори.

Историја Селото е посведочено во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридската нахија од 1536 до 1539 г. е забележано селото Тројани, со 7 христијански семејства и 1 неженет човек. Во дефтерот за периодот 1582-1583 г. во селото се водат 5 христијански семејства. Тројани е споменато и во Слепченскиот поменик од XVI и XVII век.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тројан чифлик имал 20 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тројан е претставен како чисто македонско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 2 куќи.

Авионска несреќа На 22 ноември 1993 г. на Тројани се срушил авион од типот Јак-42Д на „Авиоимпекс“, кој се враќал за Скопје од Женева, но бил пренасочен кон Охрид поради лошите временски услови на скопскиот аеродром. Сите осум членови на екипажот и 115 од 116-те патници загинале. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.

Поврзано Голема Краста Гореничка Чука Дебела Леска

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † †