Единица за специјални должности (СДУ) исто така наречена Летачки тигри е елитна тактичка единица на полицијата на Хонгконг задолжена за справување со терористички напади, спасувње на заложници и справување сериозен криминал, вклучувајќи огнено оружје. СДУ е субдивизија на полициската тактичка единица против бунтови која е дел од " А " одделението (Операции и поддршка). СДУ се заснова како полициска тактичка единица со седиште во Фанлинг. СДУ, исто така, извршува подводни операции за пребарување. мини|СДУ специјална единица Историја СДУ е основана во 1974 година од страна на Британската влада во Хонгконг, како одговор на постојано зголемување на заканата од тероризмот. СДУ, кој се состои од десет членови, кои користат го користат постојаното оружје на полицијата и има измислено свои тактики. Во почетокот на 1978 година, Британските САС испратија советодавен тим во Хонгконг, кој првично беше пратен за да се оцени СДУ, а потоа обучиле два нападни тимови, што доело до големи промени во тактиките и оремата на СДУ. Во 1982 година, Британската СБС испрати советодавен тим во Хонгконг да се воспостави тим за напад во вода, вклучувајќи и обука во воено нуркање. Тој тим подоцна бил исклучен во 2000год. По предавањето на Хонгконг за независност од Британија во Кина во 1997 година, СДУ не само што ја продолжува својата размена на тактики со многу европски, северноамерикански и азиски тактички полициски единици, но, исто така, почна да формира поблиски врски со Кина. Помеѓу 1974 и 2014 година, СДУ учествувале во 162 мисии и спровела 335 нуркачки пребарувања.

Организација СДУ единицата се состои од група за поддршка, администрациона група и акциона група. Акционата група е јадрото на СДУ, понатаму категоризирани во нападен тим и снајперски тим. Нивната структурата е:- Администрациона група (Седиштето) која е одговорна за сите административни работи, како и обезбедување на интелигенција за операции Акциона група Напад Тимови Тим А, Тим Б, Тим Ц (Службеници за обука на СДУ) Снајперски тим Бродски тим: обезбедува превоз на морето за нападниот тим, и ја одржува флотата од мали бродови на СДУ Група за поддршка Медицински тим за поддршка: се состои од воени медицински лица кои вршат операции заедно со нападниот тим Транспорт тим: Ја одржува флотата на копнени возила на СДУ СДУ има пет Белгиски овчари.

Селекција и Обука Волонтер за СДУ треба успешно да заврши на 11-дневната селекција позната како Пеколна недела кој се одржува еднаш годишно и има стапка на успех од само 25%. По успешно завршување на процесот на селекција, подносителот на барањето е потребно да заврши девет-месечен курс за обука, кој вклучува ракување со оружје и прецизно пукање, тактичко движење, невооружена борба, пробивање, качување и абзел, хемиски, биолошки, радиолошки и јадрени инциденти, и воена медицина. Апликациите се отворени за жени полицајци, но, до сега нема сужено ни една. Помеѓу 1974 и 2014 година, 383 службеници имаат служено во СДУ.

Пред 1998 година, изборниот курс за СДУ беше долг од 10 до 14 дена, со најголем акцент на физичка издржливост. Во 1998 година, ова се сменило во основен четиридневен курс за селекција, со поголем акцент на менталните атрибути отколку физичките. Оние кои успешно го положиле основниот курс за селекција добија петнеделен курс за следење, проследен со 7 дневен напреден курс за селекција. Курсот се концентрирал на ракување и употреба на оружје, основновите од рака на рака, маскирање и прикривање, физичка кондиција, набљудување и коментар, прва помош и читање на мапи. За периодот 1998-99 година се пријавија 44 офицери со 14 избрани.

Наводи

Категорија:Воени единици и формации Категорија:Хонгконг