Артур Масуаку (роден на 7 ноември 1993, во Лил) — конгоански фудбалер со француско потекло, лев бек на Бешикташ и на репрезентацијата на ДР Конго.
Својата кариера ја започнал во Валенсиен. Тој исто така ја претставувал Франција во селекциите под 18 и под 19 години.
Технички одлики Офанзивен лев бек со добар центаршут.
Клупска кариера Валенсиен Масуаку станал професионалец преку младинскиот систем на Валенсиен за кои играл пет години. Своето деби во Лига 1 го направил во првиот натпревар од сезоната 2013-2014 на 10 август 2013 против Тулуза. Тој одиграл 75 минути пред да биде заменет со Тонго Думбија. На 29 јануари 2014 година, Масуаку го постигнал својот прв гол во официјален натревар во својата професионална кариера во поразот со 2-1 од Марсеј.
Олимпијакос left|thumb|150px|Масуаку во дресот на Олимпијакос (2015) Во јули 2014, Масуаку потпишал за грчкиот шампион Олимпијакос. Своето деби во Грчката суперлига го направил против Ники Волос, а во неговиот трет првенствен натпревар обезбедил две асистенции против ОФИ Крит во победата на домашен терен со 3-0. Три дена подоцна тој го имал своето деби во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид и притоа постигнал погодок во победата на неговиот тим со 3-2.
Во април и мај 2015 година, бил објавен интерес за потпишување на играчот од страна на италијанските клубови Рома, Интер и Јувентус. Неговиот агент, Роже Хенротај, сепак, изјавил дека работи на тоа да го обнови договорот на Масуаку со клубот. Во јули, Олимпијакос ја одбил понудата од 4 милиони евра за Масуаку од Џенова, плус поранешниот играч на клубот Јанис Фетфацидис. Во двете години поминати во Пиреја, Масуаку одиграл вкупно 73 натпревари за Олимпијакос во сите натпреварувања и постигнал два гола.
Вест Хем Јунајтед На 8 август 2016 година, Масуaку му се приклучил на Вест Хем Јунајтед за надомест од 6,2 милиони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со чеканите. Своето деби за Вест Хем го направил во поразот со 2-1 од Челси на 15 август 2016 година. Масуаку подоцна признал дека неговото деби во Премиер лигата било многу тешко заради темпото и физичката состојба на лигата. Тој го постигнал својот прв гол за Вест Хем во Лига купот против Болтон на 19 септември 2017 година.
На 9 декември 2017, Масуаку бил прогласен за играч на натпреварот во победата на Вест Хем со 1-0 на домашен терен над лондонскиот соперник Челси.
Репрезентативна кариера Иако како тинејџер ја претставувал Франција во младите селекции, во јуни 2017 Масуаку добил дозвола да ја претставува селекцијата на ДР Конго во јуни 2017 година.
Наводи
Надворешни врски Артур Масуаку на soccerway Артур Масуаку на transfermarkt
Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026