thumb|Шише вермут Вермут — посебно ароматизиран пијалак којшто се произведува од вино (винскиот дел не би требал да биде помал од 60 %), екстракти од ароматични треви (најчесто пелин), алкохол и шеќер. Вермут е вид на вино во кое се додаваат билки за да се подобри вкусот на виното. Во себе има помеѓу 15 и 18 % алкохол. Се користи како состојка на различни коктели, но и како замена за бело вино во кулинарството.

Историја Вермутот првпат е направен во Италија во 18 век, а од 19 век се произведувал и во Франција. Од видовите вина, составот на тревата и количината на додадениот шеќер зависи дали ќе се произведе бел, розов или црвен, горчлив, сув или сладок. Почетокот на производството на ваквите пиења се поврзува со името на грчкиот лекар Хипократ. Според долгата традиција за овие производства зборувале Цицерон и Плиниј зборувајќи за „absinthianum vinum“. Подоцна, општоприфатено име на овој пијалак е од германскиот збор wermuth, од каде преку францускиот vermouth преоѓа во италијанскиот vermut.

Наводи

Литература

Категорија:Алкохолни пијалаци Категорија:Аперитиви