мини|Раѓањето на Венера, слика на Сандро Ботичели (околу 1485) Жена — човек од женскиот пол. Терминот жена е обично резервиран за возрасни личности од женскиот пол, а терминот девојка е вообичаениот термин за женско дете или адолесцент. Жените обично се способни за раѓање од пубертетот до менопаузата.
Потекло на поимот Зборот поттекнува од прасловенскиот збор жена, кој поттекнува од праиндоевропскииот gʷḗn.
Биолошки симбол Симболот за планетата и божицата Венера или Афродита е знак кој исто така се користи во биологијата за означување на женскиот пол.Jose A. Fadul. Encyclopedia of Theory & Practice in Psychotherapy & Counseling p. 337.
Терминологија Женственоста е период во животот на човечко суштество од женски пол откако таа поминала низ детството и адолесценцијата, генерално на околу 18 годишна возраст.
Зборот жена може да се користи генерално, за сите луѓе од женски пол или поконкретно, за означување на возрасни луѓе од женски пол во контраст со зборот девојка.
Изразот „женскост“ едноставно се однесува на состојбата на постоење како жена, со поминувањето на менархе; „женственост“ се користи во однос на родовите улоги. Менархе, појавата на менструацијата, се јавува во просек на возраст од 12-13. Многу култури имаат обреди за премин, влкучувајќи некои гранки на Христијанството, Бат мицвата во Јудаизмот, или дури само обичај на посебна прослава за одреден роденден (обично помеѓу 12 и 21 години).
Биологија и пол десно|мини|Женскиот репродуктивен систем десно|мини|Женскиот кариотип Во однос на биологијата, женските полови органи се вклучени во репродуктивниот систем, додека секундарните полови одлики се вклучени во негувањето на деца. Јајниците, во прилог на нивната регулаторна функција при производството на хормони, произведуваат и женски гамети наречени јајце-клетки кои, кога оплодени од машки гамети (сперма), формираат нови генетски поединци. Грлото на матката е орган со ткиво за заштита и одгледување на фетусот и со мускули за породување преку вагината. Изразот „вагина“ често се користи колоквијално и неточно за означување на вулвата односно надворешната женска гениталија, која се состои од (во прилог на вагината) лабијата, дразницата и уретрата. Градите на жената еволуирале од потната жлезда и стекнале функција да произведуват млеко, хранливо лачење кое е највпечатливата одлика на цицачите.
За време на почетокот на феталниот развој, ембрионите и од двата пола изгледаат полово-неутрални. Како и во случаите без два пола, како што се видовите кои се размножуваат бесполово, полово-неутралниот изглед е поблиску до женскиот изглед. Фетусот обично се развива во машки, ако е изложен на значителен износ на тестостерон (бидејќи фетусот има Y хромозом од таткото). Инаку, фетусот стандардно се развива во женски, обично кога фетусот има X-хромозом од таткото, но исто така, и кога таткото не придонесе ниту X ниту Y хромозом.
Нерамнотежата на мајчините хормонални нивоа и некои хемикалии (или лекови) можат да ги променат секундарните полови одлики на фетусите. Жените обично имаат кариотип 46,XX, но околу една во 1 000 жени има кариотип 47,XXX, а една во 2 500 45,X. Тој се разликува од типичниот машкиот кариотип 46,XY; оттука, хромозомите X и Y се познати како женски и машки, соодветно. Затоа што луѓето ја наследуваат митохондриската ДНК само од мајката, генетските студии на женската линија имаат тенденција да се фокусираат на митохондриската ДНК. лево|мини|„Животот и возраста на жената - фази на женскиот живот од лулката до гробот“, 1849. Иако се раѓаат помалку жени отколку мажи (соодносот е околу 1:1,05), поради подолг животен век, постојат само 81 мажи на возраст од 60 или повеќе за секои 100 жени на истата возраст. Вообичаено, жените имаат подолг животен век отколку мажите, а тоа се должи на комбинацијата од неколку фактори: генетиката (излишни и различни гени се присутни на половите хромозоми кај жените); социологијата и особено изборите во однос на здравјето (како самоубиството или употребата на цигарите и алкохолот); присуството на женскиот хормон естроген, кој има кардиопротективен ефект кај жените пред менопаузата; и ефектот од високите нивоа на андрогени кај мажите. Од вкупниот број на човечкото население, во 2015 година имало 101,8 мажи на секои 100 жени.
Кај телата на девојчињата настануваат неколку промени за време на пубертетот, кој е процес на физички промени со што детското тело преминува во возрасно тело, способно за полова репродукција. Тој е инициран од страна на хормонални сигнали од мозокот до гонадите. Како одговор на сигналите, гонадите произведуваат хормони кои го стимулираат либидото и растот, функцијата и трансформацијата на мозокот, коските, мускулите, крвта, кожата, косата, градите, како и половите органи. Физичкиот развој—висината и тежината—се забрзува во првата половина на пубертетот и не завршува сè додека детето нема развиено возрасно тело. До созревањето на репродуктивните способности, претпубертетските, физички разлики меѓу момчињата и девојчињата се однесуваат на гениталијата. Пубертетот е процес кој обично се случува на возраст помеѓу 10 и 16 години. Главната ознака за пубертетот кај девојките е менархе, појавата на менструација, која се јавува во просек на возраст помеѓу 12 и 13 години.(Tanner, 1990).
Повеќето девојчиња поминуваат преку менархе по што можат да останат бремени.Menarche and menstruation can be absent due to many conditions of which the most frequent is primary amenorrhea. Проучувањето на женската репродукција и репродуктивни органи се нарекува гинекологијата.
Здравје мини|Бремена жена Женското здравје се однесува на здравствените проблеми специфични за женската анатомија. Постојат некои болести кои претежно влијаат врз жените, како што е лупусот. Исто така, постојат некои полови болести кои се наоѓаат почесто или исклучиво кај жените, на пример, рак на дојка, рак на грлото на матката или рак на јајниците. Жените и мажите можат да имаат различни симптоми за иста болест и исто така можат да одговорат на медицински третман поинаку. Оваа област на медицински истражувања се изучува од полово-заснованата медицина.
Прашањето за здравјето на жените е покренато од страна на многу феминисти, особено кога репродуктивното здравје е во прашање. Здравјето на жените е сместено во рамките на едно пошироко тело на знаење кое се наведува од страна на, меѓу другите, Светската здравствена организација, која го смета за особена важноста полот како социјален детерминант на здравјето.
Мајчинската смртност се дефинира од Светската здравствена организација како "смртта на жена во текот на бременоста или во рок од 42 дена од денот на прекинување на бременоста, без оглед на времетраењето и местото на бременоста, од која било причина поврзана со или влошена од бременоста или нејзиниот менаџмент, но не и од случајни причини." Околу 99% од мајчинските смртни случаи се во земјите во развој. Повеќе од половина од нив се случуваат во потсахарска Африка и речиси една третина во Јужна Азија. Главните причини за мајчинската смртност се тешкото крвавење (најчесто крвавење по породувањето), инфекции (обично по породувањето), прееклампсија и еклампсија, небезбеден абортус и компликации при бременоста од маларија и ХИВ/СИДА. Повеќето европски земји, Австралија, како и Јапонија и Сингапур се многу безбедни во однос на породувањето, додека потсахарските земји се најопасни.
Репродуктивните права и слободи мини|Постер од 1921 година од конференција за евгеника која ги прикажува американските држави кои воведоле законодавство за стерилизација Репродуктивните права се права и слободи кои се однесуваат на репродукција и репродуктивно здравје. Меѓународната федерација на гинекологија и акушерство изјави дека: (...) човековите права на жените вклучуваат нивно право да имаат контрола над и да одлучуваат слободно и одговорно за прашањата поврзани со сексуалноста, вклучувајќи го сексуалното и репродуктивното здравје, без присила, дискриминација и насилство. Еднакви односи помеѓу жените и мажите во однос на прашањата за сексуални односи и репродукција, вклучувајќи ги и целосното почитување на интегритетот на личноста, нужната меѓусебна почит, согласноста и заедничката одговорност за сексуалното однесување и неговите последици. Повреди на репродуктивните права вклучуваат: присилна бременост, присилна стерилизација и присилен абортус.
Присилната стерилизација била практикува за време на првата половина на 20 век од страна на многу од западните земји. Присилната стерилизација и присилниот абортус, во моментов се практикуваат во земјите како што се Узбекистан и Кина, обично при абортирање на женски фетуси.
Недостатокот на соодветни закони за сексуалното насилство во комбинација со недостатокот на пристап до контрацепција и/или абортус, се главна причина за присилната бременост.
Културата и родовите улоги мини|Текстилната работа е традиционално и историски женско занимање во многу култури. Традиционално, жените од средната класа биле вклучени во домашните задачи, со потенцирање на детската заштита. За сиромашните жени, особено тие од работничката класа, економска неопходност ги присили да бараат вработување надвор од домот. Многу од занимањата кои им биле достапни биле со пониски плати од оние достапни за мажите.
Со промените во пазарот на трудот за жените станало достапно вработувањето не само во фабрики туку и во пореспектабилни канцелариски работни места за кои се барало повеќе образование, учеството на жените во САД во работната сила се зголеми од 6% во 1900 до 23% во 1923 година. Овие промени во однос на работната сила довеле до промени во однос на ставовите за жените на работа, овозможувајќи за револуцијата која резултираше со тоа што жените станале ориентирани кон кариерата и образованието. мини|За време на втората светска војна, некои жени вршиле улоги кои, инаку, би се сметале за машки според културата на времето Во 1970-тите, многу женски академици, вклучувајќи ги и научниците, избегнувале да имаат деца. Меѓутоа, во текот на 1980-тите години, институциите се обиделе да ги еквализираат условите за мажите и жените на работното место. И покрај тоа, нееднаквостите во домот ги отежнувале можностите на жените да успеат колку и мажите. Професионалните жени сè уште генерално се сметаат за одговорни за домашниот труд и за грижата на децата. Тие имаат "двојно оптоварување", кое не им дозволува да имаат време и енергија за да успеат во своите кариери. Исто така, иако има зголемување во однос на усвојувањето на егалитарни родови улоги во домот од страна на и жените и мажите, неодамнешно истражување покажа дека жените се фокусирале на работите за моралноста, правичноста и благосостојбата, додека мажите се фокусирале на социјалните конвенции.Gere, J., & Helwig, C. C. (2012). Young adults' attitudes and reasoning about gender oles in the family context. "Psychology of Women Quarterly, 36", 301-313. doi: 10.1177/0361684312444272 До почетокот на 20-от век, американските женски колеџи барале нивните женски членови на факултетот да останат немажени, врз основа на тоа дека не би можеле да имаат две професии со полно работно време одеднаш. Според Шибингер, "Да се биде научник и сопруга и мајка е товар од општеството кое очекува од жените почесто отколку од мажите да го стават семејството пред кариерата.".
Движењата се залагаат за еднаквост на можностите за двата пола и еднакви права независно од полот. Преку комбинација на економските промени и напорите на женското движење, во последниве децении жените во многу општества сега имаат пристап до кариери надвор од традиционалните.
Иако поголем број на жени добиваат високо образование, нивните плати често се пониски од оние на мажите. CBS News тврди дека во 2005 година во САД жените на возраст од 30 до 44 со универзитетска диплома заработувале само 62% од она го заработувале слично квалификуваните мажи, пониска стапка отколку во сите освен 3 од 19-те земји за кои статистики биле достапни. Некои западни нации со поголема нееднаквост во однос на платите се Германија, Нов Зеланд и Швајцарија.
Насилството врз жените