мини|250п|Вуду-церемонија во Хаити Вуду, исто така познат како водун во Бенин и водоу во Хаити — име кое се применува за сродни религии и култови кои свој корен имаат во анимистичко-спиритистичка традиција во Западна Африка.
Корените на вуду може да се најде помеѓу Фон-Еве народот на Западна Африка, во земјата која денес се вика Бенин, а некогаш била позната како Кралство Дахомеј, каде Водун претставува национална религија со повеќе од 7 милион следбеници. Името доаѓа од зборот водун кој во јазикот на народот Фон-Еве означува духови. Покрај Фон и дахомејските традиции кои останале во Африка, се развиле сродни вуду-традиции во Новиот Свет, како резултат на транслантската трговија со робје.
Освен бенинскиот, Водун и сродните култови можат да се пронајдат во Того, Гана, Доминиканска Република, Порторико, Куба, Бразил, Хаити и на Зелено'ртски Острови. На американскиот континент дошло до спојување на вуду-традицијата со католицизмот. На Куба, Фон-традициите ги нарекуваат La Regla Arara, додека во Бразил меѓу бившите робови овие традиции еволуцирале во Jeje Vodun.
Вуду како мотив во популарната култура „Вуду“ (англиски: Voodoo) — песна на американската рок-група „Бади каунт“ (Body Count) од 1992 година.DISCOGS, Body Count (2) – Body Count (пристапено на 14.8.2020) „Вуду луѓе“ (Voodoo People) — песна на британската група „Продиџи“ (The Prodigy) од 1994 година.Discogs, The Prodigy – Music For The Jilted Generation (пристапено на 7 март 2021)
Наводи
Категорија:Религија во Хаити Категорија:Религијата во Бенин Категорија:Анимизам __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__