Антофала е активен стратовулкан во Аргентина. Тој се наоѓа во провинција Катамарка, во округот Антофагаста де ла Сиера. Вулканот се наоѓа на североисточниот раб на Пуна де Атакама, висока пустинска висорамнина источно од пустината Атакама. Лежи само западно од Салар де Антофала, голема солена пустина од 140 километри. Урнатини од Инките можат да се најдат на врвот на вулканот, како доказ дека имало искачувања до вулканот уште во претколумбовскиот период.
Опис и местоположба Со своите 6409 метри надморска височина, тој е третиот највисок активен вулкан во светот и шестиот највисок меѓу постоечките вулкани кои не се водат за исчезнати. Вулканот е моќен масив со три врвови наредени од запад кон исток на далечина од околу три километри. На западниот врв, повисок и изложен на влажните ветрови кои доаѓаат од Тихиот Океан постојано има снежна покривка. Овој врв се нарекува Навадо де Антофала и висок е 6 437 метри. Централниот врв се наоѓа на 6 329 метри а источниот е на 6 375 метри надморска височина.
Вулканот се издига долж Салар де Антофала, солена пустина која се протега на 163 километри во издолжен тесен процеп во правец југ-југозапад до север-североисток. Атмосферската вода на Антофала формирала голем конус во речиси совршен облик на ладало на работ на солената пустина.
Антофала е во центарот на една широка област покриена со високи вулкани. На североисток, на само десет километри се наоѓа Конито де Антофала на 5 583 метри надморска височина, чии стари лавини текови се протегаат во солената пустина. Во близина може да се види и конусот на вулканот Ла Агуада (5 780 метри) а на дванаесеттина километри југозападно се наоѓа активниот вулкан Кахерос (5 725 метри) кој е во хибернација. Во центарот на триаголникот формиран од вулканите Антофала, Ла Агуада и Кахерос, на помалку од осум километри од Антофала, се наоѓа конусот на Ботихуела, кој исто така е вулкан. На запад, на некои петнаесет километри оддалеченост, се наоѓа вулканот Лила (5 752 метри). Малку поодалечен, на околу дваесет и пет километри кон северозапад, се вулканите Охо де Антофала и Онас. Најпосле, во малку повеќе од 40 километри во правец запад-северозапад, се издигаат угасените вулкани Абра Гранде (5 391 метри) и Пахонал (5 143 метри)Richards, Jeremy P.; Ullrich, Thomas; Kerrich, Robert (2006). "The Late Miocene–Quaternary Antofalla volcanic complex, southern Puna, NW Argentina: Protracted history, diverse petrology, and economic potential". Journal of Volcanology and Geothermal Research. 152 (3-4): 197–239. doi:10.1016/j.jvolgeores.2005.10.006. ISSN 0377-0273..
Географија Антофала се наоѓа во сува климатска област. Минималните врнежи главно во пределот на врвот предизвикале минимална глацијација на главниот врв на Антофала од Плиоценот-Плеистоценот. Остатокот од комплексот е добро зачуван со малку ерозија освен онаа од пролетните топења на мразот. Некои клисури содржат докази за поплави кои веројатно се поврзани со топење на ледниците на крајот на ледените доба. Денес снежната линија се наоѓа на надморска височина од 5.750 метри (18.860 стапки).Haselton, Kirk; Hilley, George; Strecker, Manfred R. (March 2002). "Average Pleistocene Climatic Patterns in the Southern Central Andes: Controls on Mountain Glaciation and Paleoclimate Implications". The Journal of Geology. 110 (2): 211–226. doi:10.1086/338414. Стар језуитски рудник наречени (Ag-Pb-Zn) лежи на источниот дел од вулканот.
Геологија Вулканскиот комплекс е изграден од риолитски куполи, дебели пирокластични слоеви и слоевити дацитски-андезитски лавини текови. Лавините текови покриваат некои конусите а широките области на североисток се покриени со истечена лава. За време на плеистоценот, долината на Квебрада де лас Куевас била полна а падинските ридови покриени со игнимбрит од отворот на вулканот Бајо. Помеѓу Лила и Кахерос и Лагуна де лос Патос, кватернерните андезити и базалтовите андезити со афирични оливински состав формирале мали конуси и текови. Од отворот на Контито де лас Лагунитас избувнале андезити. Антофала се формирала во три фази. Во првата фаза, базалтните андезити формирале конуси како Антофала, Касиер и Ла Агуада. Исто така избувнале и дацитни лавини куполи (вулканот Лила), дацитни риолитни игнимбрити (10,9-9,6 миа), андезитни-дацитни лави (Агуас Бланка) и базалтно-андезитните лави. Во втората фаза (вулканот Кахеро), базалти и базалтни андезити избувнале од падинските отвори. Третата фаза ја продолжила оваа ефузивна активност, како и риолитните куполи како Ботихуела и Лас Куевас. Скориа и придружни лавини текови избувнале за време на плеистоцен на маргините на солената пустина.
Вулканот сè уште покажува активност преку неговите фумароли. Постојат извештаи за вулканска активност во 1901 и 1911.
Туризам Антофала се наоѓа во речиси ненаселен предел со исклучок на малата локација Антофала, во која живеат четириесеттина жители. Ова е случај со целиот регион, кој несомнено е еден од најоддалечените и најизолираните региони на Аргентина. Затоа тука туризмот најчесто е вид на истражување.
Поврзано Список на вулкани во Аргентина Салар де Антофала Наводи
Надворешни врски Список и фотографии од главните вулкани во Јужна Америка, вклучително и Антофала Мапа на провинцијата Катамарка Сателитски поглед Список на врвови на Андите повисоки од 6,000 метри
Категорија:Вулкани во Аргентина Категорија:Стратовулкани Категорија:Вулкани во Јужна Америка Категорија:Шестилјадници