Рабетинска Река — река во западниот дел на Македонија, лева притока на Треска во Кичевскиот крај.

Настанува во извориштето Мочур (на надморска височина од 1.650 м), во јужните падини на планината Челоица, источно од Кичево. Поминува низ селата Рабетино, Дупјани, Светораче, Речани и Миокази и се влева во левата страна на Треска, кај с. Лисичани, на висина од 575 м. Нејзиниот слив соодветствува на подобласта Горно Рабетино.

Опис

Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 15,4 км, минималната должина 13,1 км а коефициентот на развиеност е 1,18. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 1.075 м а просечниот 69,8‰. Вкупната должина на водоразделната линија и изнесува 37,0 км, а сливот зафаќа .

Долина

мини|200п|десно|Реката во селото Светораче

Долината има правец на протегање север-југ. Во горниот тек сè до селото Рабетино таа има изразито планински карактер. Јужно од Светораче нејзината плавина се проширува, а самата долина е всечена во дното од средишната езерска рамнина.

Во долниот тек Рабетинска Река е всечена меѓу возвишенијата Старец (1.035 м) и Кале (1.022 м) од една и Чука од другата страна.

Притоки Ова се притоките на Рабетинска Река, кои се повремени или трајни водотеци, наведени по редослед на течението:

Дабојца (Д) Леништа (Л) Василово Ѓубре (Л) Јавор (Л) Патејчка (Патевачка) Река (Л) Столечки Кладенчиња (Л) Длабоки Дол (Л) Дол (Л)

Рабетино Рабетино (или Рабетинкол) е област во Кичевијата која го опфаќа сливот на Рабетинска Река и долниот тек на реката Треска, од селата Лисичани и Челопеци, па до селото Латово. Се дели на два дела: Горно Рабетино (споменатиот слив) и Долно Рабетино.

Поврзано Кичевија

Наводи

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Треска Категорија:Општина Кичево Категорија:Рабетино