мини|Лот и неговото семејство, од Јакоб Јорданс Лот (хебрејски לוֹט)) според книгата Битие е внук на Авраам и дедо на Моав и Амон. Поради својата праведност бил на време опоменат од ангелите да го напушти Содом и да ја избегне судбината на содомјаните кои бие запалени од небесен оган. И покрај забраната од ангелите да не се вртат назад додека го напуштаат градот, неговата сопруга се свртела при што била претворена во статуа од солен камен.

Лот како мотив во уметноста „Лот, брат Абрахамов“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 276-277. „Лотовата жена“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 179-180.

Наводи

Категорија:Библиски личности Категорија:Исламски пророци