Хаџи Јусуфли или ХаџијусуфлиХаџијусуфли () на GeoNames — историско неготинско село во Повардарието, централна Македонија, денес во Општина Градско.

Географија Селото се наоѓало на левиот брег на реката Брегалница, североисточно од с. Убого, кое се наоѓа на другиот брег.

Историја Во XIX век Хаџи Јусуфли било турско село в Штипската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Хаџи Јусуфли имало 125 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го посочува Хаџи Јусуфли (Hadži-Jusufli) како турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Албанци.

Родови Хаџи Јусуфли било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

Доселеници: Бејтилер (10 к.), Абдиламиџалар (6 к.), Ше-Јајалар (5 к.), Дели-Асанлар (2 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Мемед-Алилер (1 к.) доселени биле во 1921 година од селото Дорфулија во Овче Поле.

Иселеништво Најголем број од населението е иселено во Турција.

Поврзано Кара Синанли

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Убого