Паљурци — историско село во Гевгелиско, денес на територијата на Општина Богданци.
Географија Селото се наоѓало во областа Бојмија, на околу 8 км источно од градот Богданци, под денешното езеро Паљурци на Стара Река.
Историја На почетокот на XIX век Паљурци било чифлигарско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Паљурци (Paliurtzi) е заведено како село со 30 домаќинства и 136 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 168 -169. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Паљурци имало 150 жители Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 151. Постои легенда дека името доаѓа од Апостол Павле, кој кога доаѓал да го проповеда христијанството, секо посетено место го нарекувале „Павлово место“. Турците го нарекле Павлерци, па оттаму — Паљурци.
Развој на унијатството Во 1889 г. во Солун е основана монашката заедница на сестрите евхаристинки при Бугарската унијатска црква. Основачите на заедницата биле италијанскиот лазаристички свештеник Јосиф Алоати и сестра му Еврозија. Отецот Алоати со свои средства го откупил целото чифлигарско село. Во 1892 г. евхаристинките го пренеле центарот на дејноста во Паљурци. Најпрвин во селото основале женски манастир и кон него создале едно женско и едно машко сиропиталиште, а потоа отвориле и земјоделско училиште.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.49 Манастирот станал база на четите на ВМРО.
На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под странската пропаганда, и сите биле унијати. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Paleortzi) имало 104 Македонци унијати и во селото работело бугарско унијатско училиште со 1 учител и 8 ученици.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 194-195.
Судбина на селото Во Втората балканска војна во 1913 г. селото е нападнато од грчка војска и дел од населението е прогонето, а други се испратени во заточеништво.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.197 Селото е разрушено во Првата светска војна, бидејќи низ него поминувала линијата на Македонски фронт. По војната, дел од населението се иселило во Бугарија. По 1924 г. последните жители на селото се иселиле во Богданско, Дојранско и Струмичко.А1, Паљурци - Некогаш село, денес пусти ридови, 20.09.2009
Личности Родени во Паљурци Христо Паљурски — револуционер, деец на ВМРО„Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 137, ISBN 9549514560
Поврзано Бојмија Паљурци (езеро) Македонски бугарски апостолски викаријат
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † †