Хилдесхајм () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Хановер, Пајне, Волфенбител, Гослар, Нортхајм, Холцминден и Хамелн-Пирмонт.

Историја

Во 1885 година, пруската влада основала окрузи во рамките на покраината Хановер. Денешната територија на округот била поделена на четири тогашни окрузи: Хилдесхајм, Алфелд, Гронау и Мариенбург. ВО 1932 година, округот Гронау се приклучил на Алфелд, а бројот на окрузи бил намален на три.

Кога била основана покраината Долна Саксонија во 1946 година имало реорганизација на окрузите: Хилдесхајм станал слободен град, додека останатите окрузи Хилдесхајм и Мариенбург биле споени во новиот округ Хилдесхајм-Мариенбург. Округот Алфелд останал во поранешните граници.

Во 1974 година, градот Хилдесхајм го изгубил статусот на слободен град и станал дел од округот, кој бил преименуван во Хилдесхајм. Окрузите Хилдесхајм и Алфелд се споиле во 1977 година.

Географија

Округот се наоѓа југоисточно од Хановер и северните делови се граничат со Хановерската метрополитенска област. Северната половина на округот е високоурбанизирана, додека југот е покриен со шуми. Реката Лајне влегува во округот од југ, тече низ градовите Алфелд и Гронау и излегува северозападно кон Хановер; помала притока, Инерсте, се влева во Лајне од исток откако тече низ градот Хилдесхајм. Помеѓу Лајне и Инерсте има пошумена области наречени Хилдесхајмска шума (Hildesheimer Wald) и Зибен Берге („Седум ридови“).

Грб

Грбот прикажува: орел од грбот на градот Хилдесхајм еленските рогови преземени од поранешниот округ Алфелд ги претставуваат германското племе Херусци розата е за хилдесхајмската илјадагодишна роза во Хилдесхајмската катедрала

Градови и општини

мини|300п|десно|Градовите и општините во округот Хилдесхајм ГрадовиСлободни општиниОпштински заедници Алфелд Бад Залцдетфурт Бокенем Елце Хилдесхајм Зарштет Алгермисен Дикхолцен Фреден Гизен Харзум Холе Ламшпринге Нордштемен Шелертен Зибесе Зелде 1. Лајнско Средногорје Дуинген Ајме Гронау1, 21седиште на општинската заедница;2град

Поврзано Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Окрузи во Долна Саксонија