Грамадина — археолошко наоѓалиште во прилепското село Беловодица. Претставува некропола од римско време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа јужно од селото, во ливадата на Јован Ристов.
Опис
Во ливадата на мештанин е откопана надгробна стела, а исто така и други материјали кои се вѕидани како сполии во селската црква „Св. Никола“ и во училиштето. Најверојатно оттука потекнува уште една стела со натпис што се наоѓа во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Селиште — некропола од римско време; Турско Гробје — населба од римско време; Беловодица; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Беловодица