Анастасија — македонска музичка група. Анастасија е една од најуспешните музички групи во Македонија. Нивната музика претставува оригинален микс од византиски звуци, православна црковна музика и етно ритми. Тие користеле повеќе акустични инструменти, како: кавал, гајда, тапан, но и компјутери, семплери и синтисајзери.

Историја Групата „Анастасија“ била основана во 1990 година од страна на Горан Трајкоски (поранешен член на Сарацени, Падот на Византија, Мизар и Апореа), Климе Ковачески (поранешен член на Падот на Византија и Апореа), Златко Ориѓански (поранешен член на „Лола В. Стаин“) и Зоран Спасовски (поранешен член на „Мизар“ и „Апореа“).

Музиката на Анастасија претстаува спој на византиското минато, низ православната црковна музика, со големи примеси на етно ритам. Тие користеле акустични инструменти, како: кавал, гајда, тапан, но и модерна технологија, компјутери, семплови, синтисајзери и итн.

Анастасија направиле музички творби за театарски перформанси, филмови и ТВ програми.

Музиката за филмот „Пред Дождот“ била објавена од „Полиграм Рекордс“ и била распродадена во илјадници примероци низ целиот свет. Во 1996 година, „Анастасија“ ја направиле музиката за театарскиот перформанс „Баханалија“ кој се прикажувал низ цела Европа. Во 1997 година го издале синглот „Лице“, по кој следувал и синглот „Гори“, а потоа и албумот „Мелургија“ кој претставува компилација на необјавените песни на групата. Потоа следувал албумот „Ноктурнал“, снимен во скопското студио „Тра Ла Ла“ а миксуван во атинското студио, со Коти К.

Членови Горан Трајкоски, водечки вокал, клавијатури, гајда, кавал Климе Ковачески, гитара Златко Ориѓански, гитара, мандолина, кавал, придружен вокал Зоран Спасовски, тапани, ударни инструменти, клавијатури, придружен вокал

Албуми „На реките вавилонски“/„Премин“, сингл, (Дом, Ниш, 1989) „Давидова харфа“, песна на компилацискиот албум „Македонски документ“, („ТРОТ“, 1994)Македонски документ / Macedonian Document step 1. ТРОТ, CD 001, 1994. Пред дождот (), албум 1995 „Лице“ () и „Гори“ (), ЦД-сингл, (Third Ear Music, 1997) „Мелургија“ (), албум, (Libra Music, 1997) „Ноктурнал“, албум, (Third Ear Music за просторот на СФРЈ и Libra Music за остатокот од светот, 1998)

Наводи

Дискографија на „Анастасија“ евидентирана од ВБУ Музички Регистар.

Извор Македонски информациски филмски центар, Скопје, јануари 2007.

Категорија:Македонски рок-групи Категорија:Македонски електронски групи Категорија:Појавено во 1990 година во Македонија Категорија:Музички групи основани во 1987 година