Дагмар Оровчанец (словенечки: Dagmar Orovčanec; родена во - починала во на ) — словенечко-македонски гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област.
Животопис Професор д-р Дагмар Оровчанец била родена во Љубљана, Словенија. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професионална кариера ја продолжила во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет, УКИМ, каде специјализирала, докторирала и супспецијализирала во облата на гастроентерохепатологија. Докторатот и бил во 1999 година, на тема „Евалуација на местото и улогата на нехирушко лекување на хемороидната болест со интервенти ендоскопски методи“.
Таа била професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Од 2007 година, таа станала дел од тимот на приватната болницата „Ре Медика“ во Скопје.Медицински персонал; Ре Медика
Професор д-р Оровчанец била сопруга на поранешниот министер за здравство и политичар, истакнат доктор Ѓорѓи Оровчанец.
Починала во Скопје на 25 декември 2017 година.
Наводи
Категорија:Словенечки гастроентерохепатолози Категорија:Југословенски гастроентерохепатолози Категорија:Словенечки универзитетски професори Категорија:Македонски Словенци Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Медицинскиот факултет - Скопје