Тал () — сложен вулкан кој се наоѓа на островот Лусон на Филипините. Тој е втор најактивен вулкан на Филипините со 33 историски ерупции. Сите овие ерупции се концентрирани на самиот остров, познат како Вулкански Остров, во близина на истоименото езеро. Езерото делумно ја исполнува купата на вулканот, која била формирана од праисториски ерупции помеѓу 140.000 и 5.380 пред сегашноста"Taal Volcano", PHIVOLCS, посетено на 2012-12-03 (archived from the original on 2008-09-12). Гледано од Тагајтај, вулканот и езерото претставуваат еден од најживописните и привлечни погледи на ФилипинитеHerre, Albert W. (1927-12-14); "The Fisheries of Lake Taal, Luzon and Lake Naujan", Philippine Journal of Science, Vol. 34, No. 3, pp.287–303, 1927 . Се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град на земјата, градот Манила.
Вулканот имал неколку насилни ерупции во минатото, предизвикувајќи губење на животот на островот и населените области околу езерото, при што бројката на загинати се проценува на околу 5.000 до 6.000. Поради близината кон населените области и нејзината еруптивна историја, вулканот е прогласен за Декаден вулкан, идентификувајќи се како достоен за одредена студија како дел од програмата на ООН за намалување на природните катастрофи. Сите вулкани на Филипините се дел од Тихоокеанскиот Огнен Прстен.
Етимологија До 1821 година, вулканот Тал бил исто така познат и како Бомбоу.
Географија
Вулканот и езерото се целосно сместени во провинцијата Батангас. Северната половина од Вулкански Остров спаѓа под јурисдикција на градот Талисај на брегот на езерото, а јужната половина на Сан Николас. Другите заедници кои го опкружуваат ги вклучуваат градовите Танауан и Липа и општините Талисај, Лорел, Агончило, Санта Терезита, Алитагтаг, Куенка, Балете и Матас на Кахој(2011) "The Province map" , Provincial Government of Batangas Web Site.
Постојаното населување на островот е забрането од Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија или PHIVOLCS, прогласувајќи го целиот вулкански остров како област со висок ризик и постојана опасната зона (PDZ). И покрај предупредувањата, сиромашните семејства се населиле на островот, ризикувајќи ги своите животи, заработувајќи за живот од риболов и земјоделски култури од богатите вулкански почвиkostito (2009-12-13); "Photo – Taal Volcano Island" , Panoramio, посетено на 2011-03-26mharada (2008-02-02); "Photo – Calauit, eastern shore of Volcano Island" , Panoramio, посетено на 2011-03-26vanpoperynghe (2006-11-08); "Photo – Le Volcan Taal 13" , Panoramio, посетено на 2011-03-26Anuar T (2010-03-15); "Photo – Buco, Volcano Island. Sundown" , Panoramio, посетено на 2011-03-26.
Вулканска Точка
Кратерското езеро на Вулкански Остров е најголемото езеро во светот кое се наоѓа во езеро на самиот остров. Освен тоа, ова езеро ја содржи т.н. Вулканска Точка, мал карпест остров што е остаток од стариот кратер, кој сега е опкружен со широкото езеро од 2 километри и кое сега се нарекува како главно кратерско езеро. Вулканска Точка често се наведува како најголем остров од трет ред (остров во едно езеро на островот во езеро на островот), иако исто така се тврди дека исто е именуван и едејн канадски остров кој се наоѓа на островот Викторија.
Скорешна активност
Иако вулканот е заспан од 1977 година, тој покажал знак на активирање од 1991 година, со силна сеизмичка активност. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (PHIVOLCS) редовно издава известувања и предупредувања за актуелната активност во вулканот, вклучувајќи ги и сеизмичките немири кои се во тек.
2011
Од 9 април до 5 јули"Taal Volcano Bulletin 09 April 20117:00 A.M." , PHIVOLCS, посетено на 2012-12-15, нивото на предупредување за вулканот било зголемено од 1 на 2 за единаесет недели поради зголемената сеизмичност на вулканот. Честотата достигнала околу 115 тремори на 30 мај со максимален интензитет на IV, придружени со звуци на татнеж. Магмата навлегувала кон површината, како што укажува и континуираната висока стапка на емисии на CO2 во главното кратерско езеро и одржлива сеизмичка активност. Теренските мерења на 24 мај 2011 година покажале дека температурата на езерото е малку зголемена, pH вредностите се малку повеќе кисели и нивото на водата е 4 сантиметри повисоко. Истражувањето за деформација на земјата, направено околу Вулканскиот Остров, од 26 април до 3 мај 2011 година, покажало дека вулканското здание е надуено помалку во однос на истражувањето од 5 до 11 април 2011 година.
2010
На 8 јуни, PHIVOLCS го подигнал статусот на вулканот на ниво 2, што укажува дека вулканот се соочува со магматски интрузија, што на крајот може да доведе до ерупција. PHIVOLCS ја потсетил јавноста дека главниот кратер останува надвор од границите, бидејќи може да се појават опасни експлозии на пареа, заедно со можното зголемување на отровните гасови. Областите со топла земја и емисија на пареа, како што се делови од патеката Daang Kastila, се сметале за опасни6,000 Taal villagers told to move out Philippine Daily Inquirer, 2010-06-09. Во периодот од 11-24 мај, температурата на кратерското езеро се зголемила за 2-3 °C. Составот на водата на главното кратерско езеро покажало над нормални вредности на Mg/Cl, SO4/Cl. На 26 април, вулканската сеизмичност се зголемила.
Историја на избуви
Во Тал се регистрирани 33 ерупции од 1572 година. Првата ерупција на која има каков било запис се случила во 1572 година, кога августинските монаси го основале градот Тал на бреговите на езерото (денеска Сан Николас, Батангас). Во 1591 година, се случила друга блага ерупција на која биле прикажани огромни маси на чад што излегле од кратерот. Од 1605 до 1611 година, вулканот имал многу голема активностLyons, Norbert (1922-09); "Taal, One of the World's Great Volcanoes", American Chamber of Commerce Journal, Philippine Islands, p. 7 .
Помеѓу 1707 и 1731, центарот на активност се префрлила од главниот кратер на други делови на вулканскиот остров. Ерупциите од 1707 и 1715 година се случиле во кратерот Бининтјанг Малаки. Мали ерупции исто така произлегле од кратерот Бининтанг Мунти на најзападниот врв на островот во 1709 и 1729 година. Насилствен настан се случил на 24 септември 1716 година, кога целиот југоисточен дел на кратерот (Калаит), спроти планината Маколод, бил разнесен. Ерупцијата од 1731 година од Пира-Пирасо или источниот врв на островот создал нов остров. Не се направени студии за да се утврди дали Напајон или Бубуин бил формиран во ерупција.
Активноста се вратила во Главен кратер во 1749 година, и била запаметена поради тоа што била особено насилна (VEI = 4). Потоа дошла големата ерупција од 200 дена во 1754 година, најголема ерупција на вулканот.Taal Flyer , Philippine institute of Volcanology and Seismology, посетено на 2010-11-27.
Потоа вулканот останал тивок 54 години, освен помали ерупции во 1790 година. Но до март 1808 се случила уште една голема ерупција. Додека оваа појава не била толку насилна како онаа во 1754 година, непосредната околина била прекриена со пепел на длабочина од 84 сантиметри. Оваа ерупција придонела за промени во внатрешноста на кратерот, според хроничарите од тоа време.
На 19 јули 1874 година, ерупцијата на гасови и пепел го уништила целиот добиток на островот. Од 12-15 ноември 1878 година, пепелот исфрлен од вулканот го опфатил целиот остров. Друга ерупција се случила во 1904 година, поради што бил формиран нов излез во југоисточниот ѕид на главниот кратер. Последната ерупција од главниот кратер била во 1911 година, која го создала сегашното езеро. Во 1965 година, огромна експлозија отсечила огромен дел од островот, преместувајќи ја активноста во нов центар за ерупции, Монт Табаро.
Вулканот избувнал на 12 јануари 2020 г. од главниот кратер, покачувајќи го степенот на тревога на 4. Исфрлено е големо количество пепел врз подрачјето на Калабарсон, Метро Манила и некои делови од Централен Лусон, поради што е прогласена вонредна состојба — откажана е наставата во образованието, работните времиња на граѓаните и летовите.
Наводи
Надворешни врски
Taal Volcano Eruptions 1572–1911 from RWTH Aachen University Web Site Taal Volcano Eruptions 1600–2010 from Google
Категорија:Стратовулкани Категорија:Активни вулкани Категорија:Калдери во Азија Категорија:Вулкани на Филипините Категорија:Кратерски езера Категорија:Декадни вулкани