Џиро ди Ломбардија 2017 — 111. издание на велосипедската еднодневна трка Џиро ди Ломбардија, која се одржала на 7 октомври како 36. настан во сезоната на Светската турнеја.

Била освоена по вторпат од Винченцо Нибали. На трката се случиле неколку несреќи, сите на брзиот и технички спуст од ридот Сормано. Лауренс де Плус () се здобил со мала фрактура на неговото десно колено кога прескокнал преку заштитната ограда и паднал во клисурата. Јан Бакелантс () останал во болница во Комо со седум скршени ребра и две фрактури на неговиот ’рбет. Симоне Петили () ја имал истата дијагноза по неговиот пад со две фрактури на грбот, скршена клучна коска и изместување на рамото.

Екипи

Бидејќи Џиро ди Ломбардија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.

Поредок Завршен пласман

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Џиро ди Ломбардија Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Италија во 2017 година