Микоспоринските аминокиселини се мали вторични метаболити присутни во организми кои живеат во средини со висока инсолација, обично морски средини. Бројот на соединенија во рамките на оваа класа на природни производи сè уште не е точно утврден, бидејќи се релативно скоро откриени, а нови молекули тековно се во процес на откривање, но нивниот сегашен број е околу 30. Претежно се опишуваат како микробни УВ-филтри иако нивната функција се претпоставува дека не е ограничена само на заштита од УВ-зрачење.
Заднина Микоспоринските аминокиселини се широко распространети во микробиолошкиот свет а се идентификувани во многу микроорганизми, вклучувајќи ги хетеротрофните бактерии, цијанобактериите, едноклеточните алги,Okaichi T, Tokumura T. Isolation of cyclohexene derivatives from Noctiluca miliaris. 1980 Chemical Society of Japan аскомицетни и базидиомицетни габи, како и некои повеќеклеточни организми како што се повеќеклеточните алги и некои морски животни. Повеќето истражувања на микоспоринските аминокиселини се однесуваат на нивните својства да апсорбираат светлина и штитат од зрачење. Првиот детален опис на микоспоринските аминокиселини бил направен на соединенија изолирани од цијанобактерии кои живеат во средини со високо ниво на УВ-зрачење. Сите микоспорински аминокиселини апсорбира УВ-зрачење кое може да биде деструктивно за биолошките молекули како ДНК, белковини, итн. Иако истражувањата главно се сконцентрирани на нивните фото-заштитни способности, тие, исто така, се смета дека вршат дополнителни функции во клетката. Покажано е дека се ефикасни антиоксиданси способни да ги неутрализираат слободните радикали, дека се во можност да ја зголемат клеточната толеранција од сушење, хиперсоленост и топлотен стрес.
Хемиски својства Микоспоринските аминокиселини се релативно мали органски молекули (<400 Da). Хемиските структури на околу 30 микоспорински аминокиселини се разјаснети и покажано е дека сите содржат централен циклохексенонски или циклохексеимински прстен супституиран со различни радикли.Bandaranayake WM. 1998. Mycosporines: are they nature’s sunscreens? Natural Product Reports. 159–171. Сите микоспорински аминокиселини апсорбираат ултравиолетови бранови должини, обично помеѓу 310 и 362 нанометри. Тие се сметаат за едни од најјаките природни впивачи на УВ-зрачење. Оваа апсорбирачка способност им овозможува да делуваат како клеточни заштитни фактори од штетните УВ-Б и УВ-А зраци на сончевата светлина. Биосинтетските патишта за продукција на овие соединенија често делат заеднички ензими и интермедиери со примарниот метаболизам. Пример е патот на шикими киселината кој во примарниот метаболизам се користи за производство на ароматичните аминокиселини (фенилаланин, тирозин и триптофан); а служи и за биосинтеза на многу микоспорински аминокиселини.
Примери имепик на апсорпција во нанометриChemspiderАстерина-33033010475832Euhalothece-362362Микоспорин-2-глицин33410474079 Микоспорин-глицин31010476943Микоспорин-глицин-валин335Микоспорин-глутамат-глицин330Микоспорин-метиламин-серин327Микоспорин-метиламин-треонин327Микоспорин-таурин309Палитенска киселина337Палитен36010475813Палитин32010272813 Палитин-серин32010476937Палитин-серин-сулфат320Палитинол332Порфира-334334Шинорин334Усуирен357
Функции
Интеракција со зрачење
Заштита од УВ-зрачење
Заштита од оксидативен стрес Фоторецептори
Енвајронментални одговори
Стрес од ниво на соленост
Стрес од сушење
Топлотен стрес
Наводи
Категорија:Вторични метаболити Категорија:Ултравиолетово зрачење Категорија:Алги Категорија:Аминокиселини