Животот и времето на Алексис Зорбас (грчки: Βίος και Πολιτεία του Αλέξη Ζορμπά) — роман на грчкиот писател Никос Казанѕакис од 1946 година.

Осврт кон романот Овој роман е класично дело во кое се зборува за пријателството меѓу двајца луѓе и за важноста да се живее целосно исполнет живот. Зорбас останува забележен како незаборавен лик, кој страсно го прима сето она што му го нуди животот. „Њујорк тајмс“ го опишува романот како „стимулативно патување во посветлите простори на човековиот дух“, а според „Њујоркер“, „секоја страница е исполнета со идеи и кристални слики кои го имаат точниот и набиен, интензивен квалитет на поезијата“.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 10.

Наводи

Категорија:Дела на Никос Казанѕакис Категорија:Изданија на Магор Категорија:Грчки романи Категорија:Книги од 1946 година