Дон Жуан: Неговата сопствена верзија (германски: Don Juan: (erzählt von ihm selbst)) — новела на австрискиот писател Петер Хандке од 2004 година. мини|десно|Петер Хандке Содржина Во „Дон Жуан“ приказната ја раскажува анонимниот раскажувач чија самотија еден ден ја нарушува Дон Жуан. Потоа следува опис на еротските авантури на Дон Жуан кои покажуваат дека тој, всушност, повеќе е освојуван отколку што самиот освојува.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 16.
Осврт кон романот Новелата претставува моќна приказна за односите меѓу еротското и суровото, за љубовното чувство што постои само додека е копнеж. Со умешно прикажување на суптилните нијанси во меѓучовечките односи, Хандке ја открива повеќеслојноста на сексуалноста при што го користи познатиот културолошки лик за да даде остар коментар на многу аспекти од современиот живот.
Наводи
Категорија:Дела на Петер Хандке Категорија:Изданија на Магор Категорија:Новели Категорија:Книги од 2004 година