Близнаци — кована пара за колекционерски цели за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 10 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на третата седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 26 март 2015 година. Цената на апоенот во изнесува 2.700 денари. Оваа кована пара е дел од серијата на ковани пари „Хороскопски знаци“.
Опис Лице На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“.
Опачина На опачината од парата, на левата страна е претставена слика на близнаци кои во рацете држат дел од Млечниот Пат. На десната страна на реверсот е вметнато тркалезно кобалтно стакленце на кое е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Близнаци. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак „Близнаци“ и името на овој знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со графички украс, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато..
Поврзано Близнаци (соѕвездие) Близнаци (хороскопски знак)
Наводи
Надворешни врски Кована пара за колекционерски цели: „БЛИЗНАЦИ“ — НБРМ
Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ