50 години од Македонската академија на науките и уметностите — кована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 1.000 денари.

Опис Лице На лицето, во горниот дел од монетата е претставен Грбот на Република Македонија и натписот „Република Македонија“ на македонски јазик. Во средишниот дел на монетата се претставени натписите: „1967-2017 . 50 години“ и „бројот 50” во чија средина е претставено логото на Македонската академија на науките и уметностите. Скопје“. Во долниот дел на монетата се претставени натписите: „100 денари“ и годината на издавање „2017“.

Опачина На опачината, во средишниот дел на монетата е прикажана слика на зградата на Македонската академија на науките и уметностите, а под неа натписите „1967-2017“ и „Аg925“. Околу монетата, по должината на периметарот е прикажан натписот: „Македонска академија на науките и уметностите Скопје“ на македонски јазик.

Поврзано Македонска академија на науките и уметностите

Наводи

Надворешни врски Кована пара за колекционерски цели: „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ — НБРМ

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ