мини|250п|Извештај на Михаило Ристиќ, конзул во Битола за развојот на Илинденското востание, 29 јули 1903 г. мини|250п|Извештај на Михаило Ристиќ, конзул во Битола за состојбата на србството во Прилеп, 5 ноември 1899 г. Михаило Ристиќ (5 септември 1864 — 15 август 1925) бил српски дипломат, конзул и дипломаски претставник.Народна енциклопедија српско-хрватско-словеначка, Београд 1929, књига 3, 950 Главната активност на Ристиќ како конзул и дипломат била да помага на српскиот народ и црквата во Македонија и во Стара Србија, како и нивна заштита од бугарската и грчката пропаганда и оружани акции.
Животопис Михаило Ристиќ бил син на Гаврил Ристиќ, белградски трговец, и Катарине Ќиприќ од семејство на белградски трговци. Основно училиште, гимназија и правен факултет завршил во Белград. Дипломирал во 1886 година, а потоа една година учел во Париз, во „Слободната школа на политички науки“.
Се оженил во 1895 година со Правда, ќерката на Владимир Јовановиќ, државен советник, министер и сенатор, и сестра на политичарот Слободан Јовановиќ. Михаило и Правда имале еден син Андрија Ристиќ, кој бил правник.
Кариерата ја започнал во Министерството за надворешни работи на Србија, во 1884 година, каде работел во отсекот - пропаганда.Биљана Вучетић, Историјски часопис LIII (2006) 359-374 Како секретар на тоа министерство, во 1892 година го пропатувал Косово. Изјавил дека состојбата на Косово е толку лоша, што за десет години таму нема да има Срби. Во 1893 година, станал секретар на српското дипломатско претставништво во Цариград, а во 1896 година, бил секретар во Министерството за надворешни работи во Белград. Конзул во српскиот конзулат во Скопје станал во 1896 година, а во 1898 бил поставен за секретар на дипломатското претставништво во Виена. Од 1899 до 1903 година бил српски конзул во Битола, а од 1904 до 1906 година, повторно бил конзул во Скопје. Како конзул во Македонија, Ристиќ помагал да се спроведе српската четничка акција, а во 1904 година, го координирал преминот на четата на Јован Бабунски преку границата и преку Вардар.Биљана Вучетић , Историјски часопис LV(2007)265-277 , Посетено на 12. 4. 2013. Во Букурешт бил на служба од 1906 година, а дипломатски пратеник во Рим бил од 1907 година. Во текот на 1920 година, бил делегат на кралството СХС во Дунавската комисија. Се пензионирал во 1924.
Во 1913 година, заедно со Никола Пашиќ го потпишал Букурешкиот договор.
Под псевдонимот П. Балкански ги напишал трудовите: „Низ гробишта, патопис по Стара Србија“ (1894) и „Српскиот народ во скопската епархија, расправа за црковно-школските прилики“ (1899).
Наводи
Категорија:Српски дипломати Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Родени во 1864 година