мини|десно|441п| Вештачки елемент — хемиски елемент кој не се среќава природно на Земјата, туку може да се добие само по вештачки пат. Досега се пронајдени 24 вештачки елементи, и имаат атомски броеви од 95 до 118. Сите се нестабилни, со полураспади од 15,6 милиони години до неколку стотини микросекунди.
Седум други се првпат добиени по вештачки пат, но подоцна се пронајдени и во природата (како примеси); таквов е плутониумот, познат по употребата во енергетиката и војувањето.
Својства Вештачките елементи се радиоактивни и набргу се распаѓаат во полесни елементи, имајќи полураспад кој е толку краток во однос на староста на Земјата (4,6 милијарди години), што секој ваков атом што постоел при нејзиниот настанок е одамна распаднат. Атоми на вештачките елементи се јавуваат во Земјата само како последица од атомски бомби или опити со јадрени реактори или забрзувачи на честички, по пат на јадрено соединување или неутронско впивање.
Атомската маса на природните елементи се заснова на просечната застапеност на нивните изотопи во Земјината кора и атмосфера. Кај вештачките елементи, изотопот зависи од начинот на добивање, па затоа бесмислено е да се говори за природна застапеност. Затоа, кај вештачките елементи во загради се наведува атомскиот број, кој претставува вкупниот број на нуклеони (протони и неутрони) и е најстабилниот изотоп т.е. со најдолг полураспад.
Историја Првиот елемент откриен по вештачки пат е технециумот, чие постоење е конечно потврдено во 1936 г. Со ова е пополнета празнина во периодниот систем; фактот што не постојат стабилни изотопи на овој елемент го објаснува неговто отсуство во природата (како и празнината). Најдолговечниот изотоп (Tc-98) има полураспад од 4,2 милиони години, па затоа денес нема технециумски атоми преостанати од настанокот на Земјата. Во Земјината кора се присутни крајно мали примеси од овој елемент, и тоа како спонтан производ од цепењето на ураниум-238 или со неутронски зафат во молибденските руди. Сепак, овој елемент е природно застапен во ѕвездите наречени црвени џинови.
Првиот откриен вештачки елемент е кириумот, добиен во 1944 г. од Глен Сиборг, Ралф Џејмс и Алберт Гиорсо со бомбардирање на плутониум со алфа-честички. Набргу се откриени и америциумот, берклиумот и калифорниумот. Ајнштајниумот и фермиумот се откриени од научна екипа под водство на Алберт Гиросо во 1952 г. при изучувањето на радиоактивниот отпад од првата водородна бомба. Екипата ги открила изотопите ајнштајниум-253 (полураспад од 20,5 дена) и фермиум-255, (полураспад од 20 часа).
Подоцна се откриени менделевиумот, нобелиумот и лоренциумот. Во екот на Студената војна, СССР и САД независно ги откриле радерфордиумот и дубниумот.
Сите елементи со атомски броеви над 99 немаат никаква примена и служат само за научно истражување поради крајно краткиот полураспад.
Список на вештачки елементи
Следниве елементи не се среќаваат во природата на Земјата. Сите од нив се поураноумски елементи и имаат атомски број од барем 95.
Елемент Симбол Атом. бр. Првпатдобиен америциум Am 95 1944 кириум Cm 96 1944 берклиум Bk 97 1949 калифорниум Cf 98 1950 ајнштајниум Es 99 1952 фермиум Fm 100 1952 менделевиум Md 101 1955 нобелиум No 102 1966 лоренциум Lr 103 1971 радерфордиум Rf 104 1966 (СССР), 1969 (САД) * дубниум Db 105 1968 (СССР), 1970 (САД) * сиборгиум Sg 106 1974 бор Bh 107 1981 хасиум Hs 108 1984 мајтнериум Mt 109 1982 дармштатиум Ds 110 1994 рендгениум Rg 111 1994 копернициум Cn 112 1996 нихониум Nh 113 2004 флеровиум Fl 114 2004 московиум Mc 115 2010 ливермориум Lv 116 2004 тенесин Ts 117 2010 оганесон Og 118 2006 * Независно откриени.Институт в Дубне стал четвёртым в мире по количеству открытых изотопов
Природни, но обично вештачки добивани елементи Сите елементи со атомски броеви од 1 до 94 се среќаваат во природата барем како примеси, но следниве вообичаено се добиваат по вештачки пат. Со исклучок на полониумот, франциумот, актиниумот и протактиниумот, сите се откриени во вештачка постапка пред да се откријат во природата.
Елемент Симбол Атом. бр. Откриен технециум Tc 43 1936 прометиум Pm 61 1945 полониум Po 84 1898 астат At 85 1940 франциум Fr 87 1939 актиниум Ac 89 1902 протактиниум Pa 91 1913 нептуниум Np 93 1940 плутониум Pu 94 1940
Наводи
Категорија:Јадрена физика Категорија:Списоци на хемиски елементи