Алонсо де Охеда (шпански: Alonso de Ojeda; роден меѓу 1466 и 1468 година во Куенка, умрел 1515 година во Санто Доминго) бил шпански морепловец и конквистадор. Ги истражувал подрачјата на Гвајана, Венецуела, Тринидад и Тобаго, Курасао, Аруба и Колумбија. Бил првиот Европеец кој стапнал на тлото на Гвајана, Колумбија и подрачјето околу заливот Маракаибо (денес Венецуела), а нему му се припишува и етимологијата на името Венецуела, која ја истражувал двапати.

Животопис Алонсо де Охеда е роден во 1468 година (според некои извори во 1466) во шпанскиот град Куенка, во сиромашно но аристократско семејство. Во младоста се истакнал како војник во Битката за освајување на Гренада, поради што ја стекнал наклоноста на тогашниот бискуп на градот Бургос. Благодарение на бискупот, во септември 1493 година се придружил на експедицијата на Кристифор Колумбо, при второто патување во Америка, и стигнал до острвот Хиспаниола. Набрзо по доаѓањето на овој остров, Колумбо го поставил Охеда за гувернер на новооснованото утврдување Форт Санто Томас. Пред враќањето во Шпанија, 1496 година, Охеда се истакнал во борбите со локалните индијански племиња.

Прва експедиција во Венецуела

По налог на католичките кралеви на 14 мај 1499 година Охеда повел своја експедиција со три каравели во Новиот Свет. Меѓу членовите на неговата експедиција биле и шпанскиот морепловец и картограф Хуан де ла Коса и италијански навигатор Америго Веспучи. По испловувањето од Кадис, флотилата пловела долж брегот на Западна Африка кон Зелено`ртските Острви, а потоа тргнале по истата патека што ја користел Колумбо на своето трето патување. По пристигнувањето во Јужна Америка, каравелата на Веспучи се одвоила и го продолжила патот кон Бразил, додека другите пловеле кон север: од устието на реката Есеквиба, преку делтата на Ориноко и натаму крај брегот сè до заливот Маракаибо. Експедицијата потоа се упатила кон Хиспаниола, каде се случил судир меѓу членовите на посадата на Охеда и приврзаниците на Колумбо, кои сметале дека само Колумбо има право да го истражува тој брег.

Најголемото значење на оваа експедиција лежи во фактот дека ова била прва европска експедиција која детално го истражила и го картирала брегот на денешната држава Венецуела. Охеда се вратил во Шпанија во јуни 1500 година.

Наводи

Библиографија

Bartolomé de las Casas, Historia de las Indias (five volumes, Madrid, 1875–76) Arthur Helps, The Spanish Conquest in America, (new edition, four volumes, New York, 1900–04)

Надворешни врски Alonso de Ojeda - Biografías y Vidas Alonso de Ojeda - Biografías y Vidas Alonso de Ojeda Alonso de Ojeda - Biografías y Vidas Descubrimiento del Lago de Maracaibo Relato del Cacique Cacicaná y De Ojeda Monasterio de San Francisco Alonso de Ojeda - Biografías y Vidas Alonso de Ojeda Biografía de Alonso de Ojeda (includes images of the conquistador) (in English) Link to the web page of Alberto Vázquez-Figueroa (author of Centauros which relates the story of Alonso de Ojeda) Alonso de Ojeda en Historia del Nuevo Mundo

Категорија:Шпанци Категорија:Шпански конкистадори Категорија:Истражувачи Категорија:Историја на Венецуела Категорија:Историја на Латинска Америка Категорија:Морепловци Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Несигурна година на смрт Категорија:Шпански конквистадори