Ахмед Хегази (роден на 25 јануари 1991 во Исмаилија) - египетски фудбалер, играч од одбраната на Ал-Итихад и на египетската репрезентација.
Технички одлики Физички моќен и ефикасен во играта во воздухот Хегази е централен одбранбен играч, кој добро игра со топката во посед - и покрај тежината - поседува дискретна агилност која му овозможува да ја изнесе топката и да започне создавање на акција во задниот дел. Неговата способност во воздухот го прави опасен по противникот и во нивниот шеснаесетник.
Клупска кариера Исмаили Своите први фудбалски чекори Хегази ги направил во младинскиот сектор на Исмаили. Дебитирал како професионалец на 24 ноември 2009 во натпревар против Ел Ентаг Ел Харби, започнувајќи како стартер го одиграл целиот натпревар во победата на неговиот тим со 2-1.
Фјорентина На 18 јануари 2012 година, Фјорентина го најави купувањето на играчот за трансфер надомест од 1,5 милиони евра почнувајќи од следната сезона. Исмаили, исто така, добил 15% од сумата која ќе ја добие Фјорентина од можната следна продажба на играчот во некој трет клуб.
На 5 јуни 2012 година, Фјорентина ја потврдила регистрацијата на дефанзивецот, кој со договор се врзал за Виола до 2016 година. За првата сезона во Фиренца избрал да го носи дресот со број 3. Хегази дебитирал во Серија А на 18 ноември во натпреварот Фјорентина-Аталанта 4-1, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Факундо Ронкалја во 76-тата минута од натпреварот. Подоцна истиот месец, на 28 ноември, тој го постигнал својот прв погодок за Виола во победата со 2-0 над Јуве Стабија во Купот на Италија. На 12 декември од Фјорентина објавиле дека Хегази завршил на операција откако се здобил со сериозна повреда на тренинг со клубот. Тој бил подложен на реконструктивна хирургија на неговиот преден круцијален лигамент, повреда од која морал да се опоравува 5-6 месеци.
На почетокот на следната сезона, во септември 2013, туку што се вратил на тренинзите со клубот Хегази добил нов удар повредувајќи го истиот лигамент и повторно на тренинг поради што морал одновно на рехабилитација од 6 месеци. Како резултат на повредата тој го пропуштил поголемиот дел од сезоната 2013-2014, враќајќи се во акција дури на 18 мај 2014 за последното коло од сезоната во Серија А, играјќи го целиот натпревар против Торино на домашен терен што завршил нерешено 2-2.Fiorentina-Torino 2-2, Cerci sbaglia al 94' il rigore dell'Europa repubblica.it
Перуџа На 2 февруари 2015, Хегази бил позајмен на екипата на Перуџа во Серија Б до крајот на сезоната 2014-2015. Дебитирал за новиот клуб само 5 дена подоцна во поразот со 3-1 од Виченца, играјќи ги сите 90 минути. Сезоната ја завршил со 10 настапи за Перуџа во Серија Б од кој во 9 бил стартер.
Ал Ахли Откако во август 2015 го раскинал договорот со Фјорентина, Хегази се вратил назад во Египет каде му се приклучил на Ал Ахли на 1 септември 2015 потпишувајќи петгодишен договор со клубот. Хегази поминал две сезони во Ал Ахли помагајќи му на клубот да освои две титули во Египетската Премиер лигата и еден Суперкуп на Египет.
Вест Бромвич Албион На 17 јули 2017 година, Хегези се преселил во Англиската Премиер лига приклучувајќи му се на Вест Бромвич Албион на позајмица од Ал Ахли до крајот на сезоната, со опција Албион да потпишат траен договор со играчот. Своето деби за Вест Бромвич во Премиер лигата го направил на 12 август 2017 во победата со 1-0 над Борнмут, постигнувајќи го единствениот гол во натпреварот со удар со глава од непосредна близина по нафрлената топка од Крис Брант; Хегази исто така бил прогласен за играч на натпреварот. На 18 декември 2017, ВБА ја искористиле опцијата и потпишале траен договор со Хегази до 2022 година.
Репрезентативна кариера Дебитирал за селекцијата на Фараоните на 3 септември 2011 година против Сиера Леоне, натпревар од финалната фаза на квалификациите за Африканскиот куп на нации 2012. Претходно тој настапувал за младинските државни репрезентации, земајќи учество со репрезентацијата под 20 години на Светските првенства во 2009 и 2011 година. Во 2012 година, Хегази исто така учествувал на Олимписките игри во Лондон со Олимписката фудбалска репрезентација на Египет.
На 4 јануари 2017, селекторот на сениорската репрезентација Ектор Купер го повикал Хегази меѓу 23-цата играчи кои биле пријавени за настап на Африканскиот куп на нации 2017. Хегази ги одиграл комплетно сите 6 натпревари на Египет на турнирот. Тој и помогнал на својата репрезентација да стигне до полуфиналето без ниту еден примен погодок. Во полуфиналниот натпревар против Буркина Фасо што по 120 минути завршил без победник 1-1, Египет се пласирал во финалето по подоброто изведување на пенали (4-3 на пенали) а Хегази бил еден од четворицата сигурни изведувачи на својата репрезентација. Сепак, во финалето Фараоните биле поразени од Камерун со 2-1, иако на полувремето воделе со 1-0. Како резултат на одличните перформанси, Хегази бил избран меѓу единаесетте играчи кој се нашле во Тимот на турнирот.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 15 јануари 2017.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2009-2010 Исмаили ПЛ 12 0 КЕ 1 0 КЛШ 3 0 - - - 16 0 2010-2011 ПЛ 7 0 КЕ 3 0 ККК 1 0 - - - 11 0 2011-2012 ПЛ 9 0 - - - - - - - - - 9 0Вкупно Исмаили 28 0 4 0 4 0 - - 36 0 2012-2013 Фјорентина А 2 0 КИ 1 1 - - - - - - 3 1 2013-2014 A 1 0 CI 0 0 ЛЕ - - - - - 1 0 2014-јан. 2015 A 0 0 КИ 0 0 ЛЕ - - - - - 0 0Вкупно Фјорентина 3 0 1 1 - - - - 4 1 јан.-јун. 2015 Перуџа Б 10 0 КИ - - - - - - - - 10 0 2015-2016 Ал Ахли ПЛ 29 0 КЕ 0 0 КЛШ+КЛШ 0+8 1 СЕ 1 0 38 1 2016-2017 ПЛ 11 0 КЕ 0 0 КЛШ 6 1 СЕ 1 0 18 1Вкупно Ал Ахли 40 0 0 0 14 2 2 0 56 2 2017-2018 Вест Бромвич ПЛ 38 2 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - - - - 42 2 2018-2019 ФЛЧ 38+2Play-off. 1 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 43 1 2019-2020 ФЛЧ 16 1 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 18 1 сеп.-окт. 2020 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 1 0Вкупно Вест Бромвич Албион 93+2 4 9 0 - - - - 104 4Вкупно во кариерата 101 1 6 1 18 2 2 0 127 4
Титули Клупски Ал Ахли Премиер лига на Египет (2) : 2015-2016, 2016-2017 Суперкуп на Египет (1) : 2015
Наводи
Надворешни врски
Ахмед Хегази на transfermarkt Ахмед Хегази на soccerway Ахмед Хегази на espn Ахмед Хегази на whoscored
Категорија:Египетски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Перуџа Категорија:Фудбалери на Ал Ахли Каиро Категорија:Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион Категорија:Родени во 1991 година