Оливер Ивановиќ (; — ) — српски политичар на Косово и Метохија, државен секретар во Министерство за КИМ на Република Србија, бил водач на Србите на Косово и Метохија, голем хуманитарец, човек кој постојано повикувал на мир и разум, водач на Граѓанска иницијатива Срби, демократија правда, бил велемајстор во карате.

Животопис

Роден е во село Рзниќ во близина на Дечани од татко Богдан (професор по историја) и мајка Олга (професор по српскиот јазик, по потекло од Црна Гора. Основно о средно училиште завршил во Косовска (Титова) МитровицаМедија центар: Оливер Ивановић , студирал воена академија во Загреб со желба да стане пилот, но поради проблеми со видот ги напуштил студиите и потоа дипломирал на Машински и Економски факултет во Приштина.

Освен мајчиниот, говорел и англиски, италијански и албански јазик, бил врвен спортиста и меѓународен карате судија. Живеел во Косовска Митровица и зад себе оставил семејство со 4 сина.

Во јануари 2014 година, против него (со уште четворица Срби), била покрената судска постапкаPočelo suđenje Oliveru Ivanoviću: "Krivicu" izveli iz novinskih tekstova со лажни обвинувања, кои албанските власти и судство никако не успевале да ги докажат, поради што морал да биде пуштен да се брани од слобода по притвор во кој бил сè до август 2015 година.

Против него било покренато судење за воени злосторства врз цивилното население на КИМ во пеерипдот од 1999 – 2000 година, но во недостаток на докази и јасни показатели на класична и недостојна манипулација на квази судските органи, пресудата против него била поништена и до април 2017 бил изложен на домашен притвор, по што му е дозволено да се брани од слобода при повторното судење.

Убиен е во атентат, подмолно пречекан пред вратата на својата канцеларија, сам без сведоци и помош, на 16 јануари 2018 во К. Митровица.http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/hronika/aktuelno.291.html:706515-Ubijen-Oliver-Ivanovic

Поврзано Северно Косово Српска листа за Косово и Метохија Српски национален совет

Наводи

Категорија:Српски политичари Категорија:Косовски политичари Категорија:Родени во 1953 година Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Косовски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Косово