Градиште — утврдување од доцноантичкото време кај селото Долно Ѓуѓанци, Светиниколско. Непосредно до јужниот крај на селото се издига висок рид опкружен со стрмни падини од сите страни. На половината од неговата височина има полукружна тераса, со простор од околу 200 × 220 м, на чиј раб има остатоци од темели на бедем, цврсто граден од кршен камен и варов малтер, кој селаните со години го раскопувале вадејќи градежен материјал за изградба на своите куќи. По површината има фрагменти од керамички садови, тегули, тули и стакло. Најдени се монети и шест питосиКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Наводи
Категорија:Долно Ѓуѓанци