thumb|right|200px|Правопис на македонскиот литературен јазик од 1991 Правопис или ортографија на еден јазик е збир симболи (глифи и дијакритични знаци) за запишување на еден јазик, како и збир правила за тоа како се запишуваат овие глифи, како спелинг (кај некои јазици) , интерпункција и капитализација.
Во правописот спаѓа и писмото на еден јазик. Македонскиот јазик има многу помалку правописни правила од многу други јазици, од проста причина што тој, заедно со други јужнословенски правописи, е веројатно најсовршениот во светот. Англискиот јазик, од друга страна, со неговата азбука од 26 букви има согласки и самогласки, но нема глифи за нагласок. Меѓутоа секоја англиска буква може да претставува повеќе од еден звук, а секоја англиски звук (фонема) може да биде напишан со повеќе од една буква. На пример едно правописно правило за буквите е i пред e освен по c; друг пример е дека множината е пишува со буквата s без разлика дали се изговара како [ц], како во cats, или [з], како во dogs. Покрај ова, комбинациите од букви наречени диграфи, како th, всушност прествавувале еден едиствен звук во англискиот јазик. Други јазици со истата азбука може и да не ги користат истите диграфи.
Еден од најкомплексните правописни системи се системот на јапонскиот јазик, кој користи комбинација на неколку илјади логографски знаци (кинески знаци ханце) наречени канџи, два слоговника наречени катакана и хирагана, и латиницата, ромаџи. Сите зборови можат да се напишат во речиси сите системи. Изборот на писмото зависи од ред фактори, како обичаи, читливост, и стилски избор.
Еден правопис се смета за 'ефикасен' ако има еден глиф по звук (фонема) и обратно, но многу малку системи се волку совршени. Меѓу таквите екстремно ретки примери е македонскиот правопис.
Правопосот кој не ги претставува сите звуци во јазикот, како оние кај италијанскиот, англискиот или арапскиот, е наречен 'дефектен'. Како неефикасните, така и дефектните правописи се потенцијален мотив за правописна реформа.
Писма: Логограм Слоговник Азбука Абџад Абугида Правила за пишување и компоненти: Интерпункција Колација Големи и мали букви и капитализација Голема буква Мала буква Дијакритичен знак Потезен редослед Осум јонговски принципи Клуч (кинеско писмо)
Поврзано Правопис на македонскиот јазик Фонемска ортографија Краснопис Курзив Калиграфија Графологија Пишување Список на писма
Наводи
Smalley, W.A. (уред.) 1964. Orthography studies: articles on new writing systems (United Bible Society, Лондон).
Надворешни врски Правописна проверка на македонски текст