За истоименото село, видете Конопиште.
Општина Конопиште — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Кавадарци. Седиште на општината било селото Конопиште.
Територијата на општина се наоѓала во областа Бошава. Најголема река во општината била реката Бошава. Општината се граничела со: соседна Грција на југ, Општина Витолиште на запад, Општина Кавадарци, Општина Неготино и Општина Демир Капија на север и Општина Миравци и Општина Гевгелија на исток.
Населени места Во Општина Конопиште спаѓале следниве села: Бојанчиште, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Клиново, Крњево, Конопиште, Куманичево, Мајден, Мрежичко, Радња, ’Ржаново, Рожден, Страгово и Чемерско.
Демографија
Според пописот од 2002 година општината имала 350 жители, од кои:
Македонци - 342 Турци - 3 Срби - 4 Други - 1
Наводи
Поврзано
Општина Кавадарци Општини во Македонија Конопиште Бошава (област)
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Кавадарци
Конопиште Категорија:Конопиште