Боро Чаушев ( - ) — македонски партизан, комунист и генерал-мајор на милицијата на НР Македонија.

Животопис Роден е во Неготино. Пред војната бил работиник во железница. Станал член на КПЈ во 1940 година, а во војната се вклучил во 1941 година, како партизан во партизанскиот одред „Добри Даскалов“. Во војната бил политички комесар на Народноослободителниот баталјон „Страшо Пинџур“, кој делувал во рамките на Втората македонска ударна бригада. Од 17 до 30 септември бил политички комесар на Четиринаесеттата македонска ударна бригада, а подоцна бил и дивизиски политички комесар на педесеттата и четириесет и осмата дивизија.

Од 1950 година бил командант на милицијата на НР Македонија, секретар за внатрешни работи на Македонија, член на републичкиот Извршен совет, а извршувал и други функции.

Бил избран за републички и сојузен пратеник. Исто така бил и командант на Главниот штаб за народна одбрана на Социјалистичка Република Македонија.

Одликуван бил со Орден на братството и единството со златен венец, Орден на заслуги за народот со златна ѕвезда.

Наводи

Литература

Категорија:Луѓе од Неготино Категорија:Комунисти од Македонија Категорија:Југословенски партизани Категорија:Политички комесари на НОВЈ Категорија:Општествено-политички работници на СР Македонија Категорија:Починати во Скопје Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ Категорија:Членови на уставотворното собрание на Народна Република Македонија