Острово — заштитено подрачје коешто се наоѓа покрај течението на реката Вардар.
Местоположба и големина Острово се наоѓа во непосредна близина на селото Трубарево, јужно од Трубаревскиот Дендропарк (Трубаревски Арборетум) и заштитеното подрачје Езерце. Првично, тоа се наоѓало на десната страна на Вардар, но поради исправување на речниот водотек, завршило на левата страна на реката. Подрачјето зафаќа површина од околу 30 ха.Андоновски, Д.. „Острово – заборавеното богатство на Скопје“. Дома. 5 август 2022.
Опис На подрачјето се сочувани фосилните корита на двата ракавци на реката, но се покриени со хумусен слој, лисја и се обраснати со тревеста и грмушеста вегетација. Оттука, Острово од научен аспект се смета за фосилен остров на реката Вардар. Во окружувањето на наоѓалиштето карактеристично е високото ниво на подземните води кај наоѓалиштето Езерце. Југоисточно од наоѓалиштето Острово (околу 500 м) протекува реката Вардар. Таа е основен хидрографски систем за поширокото окружување на наоѓалиштето. По течението на Вардар се наоѓаат еден поголем и неколку помали речни острови.
Растителен и животински свет Во наоѓалиштето се издвоени два типа на биотопи: тревест и арбореален тип. Покрај нивното вештачко оформување се одвива и процес на природно обновување на дел од дендро-флората. Во приземниот кат има доста тревести видови од семејството на бесените (Poaceae), а од другите флорни елементи се застапени уште: обична сапуника, волчјо јаболко, вратика, змиско грозје. Од дрвенестите растенија и грмушките во наоѓалиштето се застапени: црн јасен, бозел, шипинка, брест, јавор, багрем, бела топола, црна топола, врес, бела врба, хмељ и други.
Пеперутките за ова место досега се слабо проучени. Со истражувањата во летото 2008 година регистрирани се 10 видови пеперутки и два вида вилински коњчиња. Од другите инсекти чести се: големиот жегач и 22 вида стакулци. Од мекотелите застапени се 3 вида копнени полжави, од кое еден вид е балкански ендемит. Херпетофауната (водоземци и влекачи) во наоѓалиштето е застапена со 6 вида. Орнитофауната во наоѓалиштето е претставена со 55 вида птици кои се застапени преку целата година, но има и преселни видови птици (во пролетниот, есенскиот и зимскиот миграциски период). Цицачите во наоѓалиштето се застапени со 20 вида од кои 14 вида се мали цицачи (лилаци потковичари, ноќници, вечерници) и 5 вида големи цицачи (шарена куна, јазовец, дива мачка, куна белка, верверичка и еж).
Заштита Наоѓалиштето се одликува и со значајни образовни вредности поради кои во 1976 година билo прогласено за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата.Рајчевска, А.. „Пет пари не даваат за заштита на Водно, Матка, Кале и Гази Баба“. Дома. 28 јули 2023.Јорданов, С. (2009). „Национален систем на заштитени подрачја“. Министерство за животна средина и просторно планирање. Дојран.
Галерија
Поврзано Список на заштитени природни подрачја во Македонија Трубаревски Острови Трубаревски Дендропарк Езерце
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Горно Лисиче Категорија:Споменици на природата на Македонија