Енциклопедија на мртвите (српски: Енциклопедија мртвих) - збирка раскази на српскиот писател Данило Киш од 1983 година.

Структура дела Збирката се состои од девет раскази:Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: BIGZ, 1994. Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015. „Симон Чудотворецот“ (Симон Чудотворац) „Посмртни почести“ (Посмртне почасти) „Енциклопедија на мртвите“ (Енциклопедија мртвих) „Легенда за спијачите“ (Легенда о спавачима) „Огледало на непознатото“ (Огледало непознато) „Приказна за мајсторот и ученикот“ (Прича о мајстору и ученик) „Славно е да се умре за татковината“ (Славно је за отаџбину мрет) „Книга на кралевите и будалите“ (Књига краљева и будала) „Црвени марки со ликот на Ленин“ (Црвене марке с ликом Лењина)

Тематика Заедничка тема на сите раскази е смртта, која во ова дело е прикажана во различни историским, културни и идеолошки димензии. Секој расказ има свои јунаци кои не се појавуваат во другите раскази, као и различна просторна и временска определеност. Единтсвената заедничка нишка што ги поврзува расказите е смртта као неминовен судбински избор. Одредувањето на тематската суштина на секој расказ е објаснето во додатокот со наслов постскриптум.

Самиот автор за значењето на „Енциклопедијата на мртвите“ вели:www.artnit.net, Enciklopedija mrtvih Тоа е книга за љубовта и смртта, и би се осудил да кажам дека со повнимателно читање може да се открие дека ерос и танатос, како теми што се провлекуваат низ сите мои книги, овде доаѓаат до поцелосен израз. Мислам дека тоа е основното нешто што би можел да го кажам за значењето на Енциклопедијата. Слично на тоа, во пост-скриптумот кон збирката, Киш пишува: Сите раскази во оваа книга во поголема или во помала мера се во знакот на една тема што би ја нарекол метафизичка; од епот Гилгамеш, прашањето на смртта е една од опсесивните теми во литературата. Притоа тој вели дека збирката би можела да носи поднаслов Западно-источен диван, со јасен ироничен и пародиски контекст.„Post scriptum“ во: Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015, стр. 163.

Наводи

Категорија:Книги од 1983 година Категорија:Енциклопедија на мртвите