Гизен () — село и слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 6 километри северозападно од Хилдесхајм и 22 километри југоисточно од Хановер.

Географија Местоположба

Гизен се наоѓа на реката Инерсте и непосредно северно од Гизенер Берге на височина од 70-100 метри. Општината се граничи почнувајќи од североисток на десно со Харзум, Хилдесхајм, Нордштемен и Зарштет. Местоположбата на Инерсте во октомври 2007 година се покажала како проблематична поради огромните поплави, кои предизвикале штети во местата Гизен и Арберген.

Општински единици

Општината се состои од пет села:

Арбергерн (2.134 жит.) Емерке (1.732 жит.) Гизен (3.481 жит.), составен од Грос Гизен, Клајн Гизен, Зигфрид Грос Ферсте (830 жит.) Хазеде (1.604 жит.)

Личности Михаел Вајнер (р. 1969) — фудбалски судија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хилдесхајм (округ)