Виктор Ефремовски (роден на во Гостивар) — македонски кошаркар кој настапува за кошаркарскиот клуб Гостивар.
Клупска кариера Младинска кариера Има настапувано во младинските категории на Вардар. Во сезоната 2013/14 настапувал во дресот на Вардар Апаве бидејќи младинските категории на Апаве и Вардар се фузирале. Следната сезона продолжил во самостојните младински категории на Вардар.
Професионална кариера Во сезоната 2015/16, Ефремовски се преселил и дебитирал во сениорската екипа на Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во сезоната 2016/17 останал во Работнички и стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот на Македонија 2017. Во Работнички, Ефремовски продолжил да настапува и во сезоната 2017/18. Во таа сезона, Ефремовски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. Со Работнички, Ефремовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Бидејќи бил под активен договор, Ефремовски бил во составот на Работнички во сезоната 2019/20. Тој останал да биде играч на Работнички и во сезоната 2020/21.
Репрезентативна кариера Младинска репрезентација На Европското првенство под 16 години - Б Дивизија во 2014 година, Ефремовски бил вклучен во македонската репрезентација под 16 години. Неговиот просек по натпревар бил 16 бода, 3,3 скокови и 1,4 асистенции. На Европското првенство под 18 години - Б Дивизија во 2015 година, Виктор учествувал со македонската репрезентација под 18 години. Неговиот просек бил 6,9 бода, 1,8 скокови и 0,5 асистенции. 2016 година, играл на Европското првенство под 20 години - Б Дивизија со репрезентацијата под 20 години. Просек имал од 10,6 бода, 2,1 скокови и 1,1 асистенции. Истата година, Бојан настапил на Европското првенство под 18 години - Б Дивизија. Тогаш тој имал просек од 9 бода, 2,6 скокови, 1,3 асистенции.
А репрезентација Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Ефремовски. Во февруари, по вториот филтер, тој отпаднал од составот. Но поради повредата на Ненад Димитријевиќ кој се повредил на првиот натпревар против Естонија, Ефремовски добил можност да настапува за репрезентацијата во натпреварот против Русија.
Успеси
Титули Работнички Прва македонска лига (1) : 2017/18 Куп на Македонија (1) : 2019
Признанија Почесно споменување во сезоната 2015/16 Најдобар млад кошаркар за 2018 година Почесно споменување во сезоната 2019/20
Наводи
Надворешни врски Профил на Виктор Ефремовски на eurobasket.com Профил на Виктор Ефремовски на fibaeurope.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Гостивар Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Кошаркари на КК Работнички