4Q106 (или 4QCanta) е една долга и три помали фрагменти од три колони на свиток што содржи делови од Песна над песните на хебрејски јазик. Ова е една од трите свитоци најдени во пештерата 4 кај Кумран што е реконструирана како копија на „Песна над песните“. Овој свиток и свитокот 6Q6 од пештерата 6, се единствените засега познати свитоци со содржина од „Песна над песните“.

Опис Пергаментот на 4Q106 е потемен.Discoveries in the Judaean Desert XVIII, p. 199. Текстот е со маргини, горе со ширина од 1,3 cm, долната маргина е 1,5 cm, а маргината меѓу колоните изнесува 1,1 cm. Ада Јардени во приватна комуникација со Емануел Тов, текстот го датира од времето на Иродската династија.DJD 18: 199.

Соджина Долгиот дел и еден од помалите фрагменти имаат во најголем дел зачуван текст — од колона II. Другите два фрагменти се од колона I и III. Од колона I може да се прочита: [3:4... Го фатив и не] му дозволив да замине додека [го однесов во куќата на мајка ми, во] [собата на жената што ме родила. 5Ве преколнувам] ќерки на [Ерусалим ...]

Наводи

Литература Yardeni, Ada. The Book of Hebrew Script. The British Library: London, 2002. .

Надворешни врски Emanuel Tov. 'A Categorized List of All the "Biblical Texts" Found in the Judean Desert.' Dead Sea Discoveries 8 (2001): 67-84.

Категорија:Свитоци од Мртвото Море