мини|Лого на Меѓународната астрономска унија Центар за мали планети (, MPC) — официјална светска организација надлежна за прибирање на набљудувачки податоци за мали планети (како астероиди и комети), ги пресметува нивните орбити и го објавува овие информации во билтенот Minor Planet Circulars. Организацијата работи под покровителство на Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) во Смитсоновата астрофизичка опсерваторија, дел од Центарот за астрофизика, заедно со Харвардската опсерваторија.

Организацијата нуди низа бесплатни семрежни услуги кои им помагаат на астрономите во набљудувањата на малите планети и кометите. Целосниот каталог на орбити на малите планети исто така се нудат за слободно преземање. Покрај астрометриските податоци, центарот прибира фотометриски податоци за светлосните криви на телата. Центарит е задолжен даги ускладува истражните набљудувања во потрага по можни околуземски објекти пријавени преку семрежниот образец и наменскиот блог. Надлежен е за препознавање на околуземјените објекти и предупредување за опасноста од судир со Земјата неколку недели по нивното откривање (погл. потенцијално опасни објекти и ).

Историја

Центарот за мали планети е основан во 1947 г. при Синсинатскиот универзитет под водство на Пол Хергет. Со неговото пензионирање на 30 јуни 1978 г. установата е преместена во Смитсоновата астрофизичка лабораторија и раководното место му припаднало на Брајан Марсден. Од 2006 до 2015 г. со неа директорувал Тимоти Спар, предводејќи петчлен кадар. Почнувајќи од февруари 2015 г. на чело на центарот е привремениот директор Метју Холман.

Периодика

Центарот повремено издава астрометриски наоди од набљудувања на мали планети, некои комети и месчеини. На мрежното место е достапна опширен архив на изданија во PDF. Најстарата единица во архивот е од 1 ноември 1977 г. (MPC 4937–5016). Minor Planet Circulars (M.P.C. или MPCs), прев. Расписи за мали планети Minor Planet Electronic Circulars (MPECs), прев. Електронски расписи за мали планети Minor Planets and Comets Supplement (MPS), прев. Додаток за мали планети и комети Minor Planets and Comets Orbit Supplement (MPO), прев. Додаток за орбитите на малите планети и кометите

Поврзано Централно биро за астрономски телеграми Список на мали планети

Наводи

Надворешни врски Центар за мали планети — матична страница Архив на издаваштвото на Центарот за мали планети, сите расписи од 1977 г. наваму База на орбитни податоци за мали планети (MPCORB) Статусен извештај на Центарот за мали планети , Метју Џ. Холман, 8 ноември 2015 Електронски расписи за мали планети — список на поновите изданија

Видеа

Категорија:Астрономски организации Категорија:Истражувачки институти во САД