мини|Балканските феудални кнежевства пред втората половина на XIV век Богдан Лутица или Л(Љ)утица Богдан (живеел во XIV век) - феудален владетел во македонскиот град Драма и епски јунак.Branislav Krstić, Indeks motiva narodnih pesama balkanskih Slovena'', Beograd, 1984, стр. 523, 605, 612 и 614.
Животопис Во времето на владеењето на српскиот цар Стефан Душан, Богдан Лутица ја имал титулата војвода, а по распаѓањето на Душановото Царство станал господар на областите по долниот тек на реката Вардар. Се среќава во голем број епски народни песни на разните балкански словенски народи, во кои народните творци малку воделе сметка за историското време, опеаните личности и простори. Тоа се разни верзии на епските песни „Марко Крале и Љутица Богдан“, „Боичиќ Алил и Љутица Богдан“ (со мотив - предизвикување на двобој на мртвиот јунак), баладите „Сестрата на Љутица Богдан“, „Продадената Љуба Богданова“ (со мотивот - мажот ја продава жената), „Женидбата на гујата шаровита“ и др. во записите на С. Верковиќ, П. Драганов, И. С. Јастребов, В. Караџиќ, В. Качановски, Миладиновци, Шапкарев и др. За неговото име се поврзани и темите за свршувачката на сестра му, за змијата младоженец и сл. Во Ерлангенскиот ракопис, пак, неговото име се спомнува меѓу приморските ускоци.Ерлангенски рукопис старих српскохрватских народних песама, издао др Герхард Геземан, Сремски Карловци, 1925, стр. 141 и 208.
Наводи
Надворешни врски Марко Краљевић и Љутица Богдан од Вуковата збирка
Категорија:Луѓе од Драма Категорија:Македонски монарси Категорија:Историја на Драма Категорија:Македонија во средниот век Категорија:Историја на Србија